Популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов учествува на турнирот во Токио, каде што ја искористи можноста да се запознае со традиционалните сумо-борачи и да се „бори“ во рингот со нив.
Сумо-борењето е традиционален и почитуван спорт во Јапонија. Имав чест и задоволство да бидам во рингот со овие борачи. Борачот имаше мала предност во килажата во однос на мене. Велат дека јадат најмалку 10.000 калории на ден за да бидат олку големи и силни. Тешко дека можам да се натпреварувам со нив во тоа! Се сеќавам на 1990-тите години кога внимателно го следевме овој спорт на телевизија во нашата куќа и го бодревме Акебоно Јокозуна. Каде ли е сега тој да му покажам колку пораснав?“, порача Новак на својот инстаграм-профил, објавуваќи сет фотографии.
Фото: Instagram, Guliver/Getty Images