20 генијални трикови на познати готвачи: Еден од нив посебно ќе ве изненади!

Вреди да пробате

Со овие мали трикови, вкусот на храната секогаш ќе биде совршен

Ги собравме на едно место советите на познатите готвачи. Дали сте знаеле дека салатата добива поубав вкус кога во неа ќе додадете малку ванила? Иако звучи чудно, готвачите тврдат дека со овој трик, таа секогаш ќе биде совршена.

Еве уште неколку трикови…

  • Ако сакате да додадете суптилни ноти на лук во јадењето, но се плашите да не претерате со мирисот, пред да ја ставите храната, истријте го тавчето со чешне лук.
  • Искусните готвачи нашле достојна примена на пивото. Овој пијалак во комбинација со соја-сос ќе биде одлична маринада за месо, а малата количина на темно пиво што се додава за време на печењето зеленчук на скара, ќе го направи уште повкусен.
  • Ако претерате со количината на сол додека правите супа, не очајувајте. Ставете мала количина од некои житарки во газа и потопете ги во супата. Додека се вари, житарките ќе го апсорбираат вишокот сол.
  • За да не ви биде свинското месо тврдо, посолете го дури на крајот од печењето.
  • За побрзо да го зготвите белиот ориз, додајте неколку капки оцет во водата.
  • За да не ви се распадне жолчката додека го сечете вареното јајце, потопете го ножот во ладна вода претходно.
  • За да ви биде супата бистра, додајте коцка мраз на крајот од варењето.
  • За да ви биде меленото месо повкусно, изрендајте малку кромид или компир во смесата.
  • За да го отстраните горчливиот вкус на модриот патлиџан, исечете го, посолете го и оставете го да отстои неколку минути. Потоа задолжително измијте го зеленчукот со ладна вода.
  • Бадемите полесно се лупат ако ги ставите во зовриена вода 3 минути, а потоа во ладна вода.
  • За да направите совршен крем од кисела павлака, додајте сиров протеин за време на матењето, каков што користат спортистите.
  • За подобар вкус на кафето, додајте прстофат сол во него пред правењето.
  • Премачкајте го месото со мед, коњак или сок од шипка пред печењето за да добиете крцкава кора.
  • За да ви биде месото посочно, во тавчето каде што го готвите додајте кора од банана.
  • Наместо презла, користете мелени ореви и јадењето ќе има подобар вкус.
  • Оладете ја чинијата во фрижидер пред да го послужите јадењето за побрзо да се олади.
  • Вареното месо секогаш јадете го ладно, бидејќи така има подобар вкус.
  • За да биде супата повкусна, пред да ја тргнете од рингла, додајте малку сок од морков.
  • Додавањето ванила во салата од зеленчук изгледа чудно, но потоа навистина е повкусна.
  • Наместо оцет, користете лимонов сок. Вкусот на цитрусот нема да го наруши вкусот на јадењето, а храната ќе биде поздрава.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.