Браковите склопени во 2020 година ќе траат засекогаш: Еве кој датум е особено добар за венчавање!

Ѕвездите откриваат

Оние што ќе запловат во брачните води на овој датум, ќе ги следи среќа во текот на целиот живот

Според Керолајн Фокнер, најпознатиот астролог во Британија, ѕвездите предвидуваат дека 2020 година ќе биде најдобра за оние што ќе решат да се венчаат.

Наредната година, Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината, клучните планети што се симбол на преданоста и емоционалната стабилност ќе бидат во ист знак.

Овој настан се нема случено од 1960-тите години, период познат и како доба на љубовта.

Идеален ден за венчавање ќе биде 20.2.2020.

Во нумерологијата, бројот 2 означува стоичка и силна жена која има единствена одлучност и сила.

Во астрологијата, бројот 2 ја означува куќата на Бикот, хороскопскиот знак со кого владее планетата Венера, наречена по божицата на љубовта и убавината, која претставува трпеливост, истрајност и преданост за зачувување на лојалност и која внимателно работи на изградбата на брачна заедница што ќе трае.

Керолајн додава и дека целата 2020 година ќе биде поволен период за започнување врска што ќе трае засекогаш.

Оваа година ќе биде година на напредок во сите можни аспекти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.