Лек против депресија и анксиозност: Еве зошто секогаш треба да имате кантарион во домот

Спас за душата

Кантарионот успешно ги победува лошото расположение и депресијата, но тоа не е неговото единствено лековито својство

Билката што ја красат цветови со силно жолта боја, може да се најде во форма на чај или капки. Уште одамна се користи како ефикасно средство и проверен природен лек.

Оваа билка имаа изразено антибактериско дејство и е природен антисептик. Покажува поволно дејство и во третирањето на вирални и ретровирални инфекции.

Моментално се вршат истражувања за неговата примена кај вирусните заболувања ХИВ и хепатитис Ц. Вагиналетите со кантарион се применуваат за дезинфекција, бидејќи имаат широко антибактериско дејство.

Одличен е за отстранување на гинеколошките проблеми

Во народната, но и во стручната медиција, вагиналетите со кантарион се користат за гинеколошки проблеми. Тие помагаат во обновата на слузокожата на грлото на матката и вагината, ги отстрануваат последиците од воспаленијата и кандидата, што се проследени со чешање,  болка и чувство на пецкање.

Кантарионот се употребува и за лекување поблаги форми на депресија и како средство за смирување. Последниве години кантарионот станува се’ попопуларен како средство во борбата против депресија. Одобрен е како лек за употреба кај благата и умерена депресија во Германија, а признаен и од страна на Светската здравствена организација.

Во споредба со антидепресивите, кантарионот е подеднакво ефикасен. Тој се користи за депресија, стравови, нарушувања на расположението во менопауза, опсесивно-компулсивно растројство.

Екстрактот од кантарион помага кај непријатните состојби што се јавуваат како последица од депресијата, а тоа се вознемиреност, неспокој, лошо расположение и несоница.

Има позитивно влијание врз сувата, чувствителна и испукана кожа. Добар е како заштита од сонце, зрачење, против акни, изгореници, повреда на мускулите, хематоми и сите ревматични заболувања.

Употреба и приготвување на чај од кантарион

Се пие повеќе пати на ден за санирање на воспалителните и болните состојби на внатрешните органи.

Ако на пакувањето не е поинаку нагласено, чајот од кантарион се приготвува со 200 г зовриена вода и лажичка сув цвет или лист од билката. Треба да отстои поклопен барем 10 минути и се пие незасладен.

Ако сами си берете кантарион, внимавајте да е од еколошки чисти површини и барем 300 метри оддалечен од патишта по кои се одвива сообраќај. Сите лековити билки ги впиваат отровните честички од издувните гасови, па не треба да ги берете и употребувате ако се во близина на сообраќајници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.