Со годините изгледа сè подобро: Овие ритуали се заслужни за блескавиот тен на Викторија Бекам!

Совети од прва рака

Ако некој е компетентен да зборува на темата нега на кожа, тоа дефинитивно е Викторија

Не може да се оспори нејзиниот младешки изглед. Иако наполнила 45 години, нејзината кожа е блескава и изгледа одлично.

Ова се правилата што ги применува Викторија Бекам, а би требало и вие ако сакате одличен тен.

Се колне во масажата на лице

Редовно оди на масажа на лице и тврди дека токму тие и’ помагаат да ја отстрани отеченоста и да го задржи тонусот на мускулите, поради што нема ниту една видлива брчка на лицето. Оваа масажа можете да ја спроведете и сами дома.

Користи производи што се направени исклучиво од природни состојки

За нејзината сјајна кожа задолжени се производи изработени од 100% природни состојки. Таа е поборник за органската исхрана и козметика. Вели дека не е неопходно производот да биде скап, за да биде ефективен, туку изработен од квалитетни состојки.

Кожата во секој момент и’ е хидрирана

Покрај себе секогаш има хидратантен крем. Тврди дека клучот за добра кожа е токму хидрирањето. Овој чекор од негата никогаш не го пропушта.

Голем љубител е на маските за пределот околу очите

Таа знае дека првите знаци на стареење се манифестираат токму во овој предел, па затоа редовно користи маски за пределот околу очите. Така ја спречува појавата на ситни линии и темни кругови.

Истата количина на нега му ја посветува и на самиот организам

На нејзиниот список за работи потребни за нега се наоѓаат и витамините што редовно ги консумира. Суплементите, како витамин Ц и омега 3 масните киселини се на нејзиното редовно мени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.