Како да го привлечеме идеалниот партнер

За да бидете со партнер каков што сакате, прво вие треба да станете жена каква што сакате да бидете

Фото: Pixabay

Ако погледнеме околу себе, ќе видиме дека речиси и не постои човек што не се бори или што не се борел со стравот од вљубување, повредување, од неверство. Ги истраживме техниките на познатите стручњаци што ќе ви помогнат да се ослободите од овие погрешно научени шеми на однесување

Се вљубуваме, заведуваме, се сакаме и се одљубуваме (всушност, не секогаш по овој редослед!), а колку сме постари, толку повеќе од нас се очекува да бидеме помудри и да правиме попаметни избори. Но во реалноста не е така. Во еден миг, сите правила што сме си ги поставиле престануваат да важат и време е за нови лекции. Што е љубовта за нас? Колку всушност се сакаме себеси? Какви очекувања имаме од партнерот? Како да го препознаеме вистинскиот? Ова се само некои од насоките со кои се занимаваат разни стручњаци што ги проучуваат односите, а ние за вас ги сумиравме нивните заклучоци.

Дали и вие спаѓате меѓу повредените што мислат дека ниедна љубов не трае вечно, дека е невозможно да се најде сродна душа, дека сите љубови се осудени на тажен крај, дека сите мажи се неверни и дека колку е љубовта поголема – толку е поболна разделбата? Ако спаѓате, знајте дека не сте единствените. Еден од најзастрашувачките делови на љубовта е да си дозволите да ја искусите.

Всушност, со тоа доаѓа и можноста да бидете повредени, нели? Но кога во вашиот мозок во прв план е стравот, несвесно ја подигате бариерата со која другите луѓе ги држите подалеку од вас. Помирете се со ризиците што ги вклучува љубовта и ќе бидете целосно отворени за примање нов партнер, советуваат стручњаците. Но целта не е само да привлечеме партнер, туку да го најдеме оној што ни одговара, кој е идеален за нас, а тоа во денешно време не е лесно.

Без разлика дали сте соло или сте во врска, овие совети ќе ви помогнат да го подобрите односот кон самите себеси, бидејќи менувајќи се себеси – влијаеме врз нашето опкружување и создаваме темел за поквалитетен живот.

КОМУНИКАЦИЈАТА НЕКОГАШ И СЕГА

Времињата се сменија, веќе не комуницираме на ист начин, а луѓето сè уште се трудат старите шаблони да ги вклопат во сегашниот миг. Тоа е нефункционално и одвлекува од суштината. Ако сега е актуелна брза комуникација, потребно е да научиме да комуницираме и во љубовта на таков начин, но така што ќе ги развиеме и другите начини на комуникација, на пример преку мислите, интуицијата, низ чувствата.

Денес жените се самосвесни и самостојни, ним веќе не им е привлечен стереотип на маж со цигара во устата, кој удира со тупаница по масата. Ако мажите сакаат да освојат современа жена, потребно е да поработат на својот духовен развој, а токму таа работа на себе ќе ги направи попривлечни и ќе им даде сила да им пријдат на жените. Денешните млади често ја обвинуваат модерната технологија за лошата комуникација и за недоволното време што го поминуваат со партнерот, но тоа е само изговор.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.