5 нови заблуди за диетите

Цедените сокови се здрави, јаглехидратите дебелеат, а глутенот е попаметно да се исфрли од исхраната. Точно или…

Информациите пристигнуваат со толкава брзина што веќе не сме сигурни што е добро за нас, а што не е. Еве што велат експертите

1 Цеденото овошје и зеленчук е добар начин да се храниме здраво.

Овошен сок, со додавање шеќер или без, по составот претставува вода со овошен шеќер без влакна“, вели д-р Нг Ли Бенг, советник во Одделот за семејна медицина и нега во Општата болница во Сингапур.

Дури ни во овошен сок направен во блендер не се зачувуваат сите влакна. Како таков, побрзо се вари и предизвикува поголем скок на шеќерот во крвта од овошјето. За контролирање на телесната тежина е потребно консумирање намирници богати со влакна, како што се овошје и зеленчук, леб од брашно од цели зрна…

2 Избегнувајте јаглехидрати бидејќи дебелеат.

ФАКТ: овие намирници се извор на енергија. Поентата е во соодветниот избор – затоа што некои јаглехидрати се богати со влакна, па спречуваат чувство на глад. На пример, тестенини од житарки од цело зрно ќе постигнат подолго време да се чувствуваме сито отколку оние од бело брашно.

3 Детокс-диетата ќе ни го исчисти организмот

ФАКТ: таквите диети главно подразбираат консумирање само овошје и зеленчук или ограничено јадење намирници (помалку калории) или избегнување одредени категории храна (како што се млечните производи).

Тие се базираат на идејата дека отровите се таложат во организмот и можат да се отстранат со внесување – или со невнесување – одредени состојки. Британското здружение на нутриционисти не се согласува со тоа.

Нашиот организам постојано ги филтрира, ги разградува и ги исфрла отровите и штетните продукти, како што се алкохол, лекови, продукти од варењето на храната, мртви клетки и хемиски супстанции што се резултат на бактериите и на загадувањето“, велат претставниците на ова здружение.

Со други зборови, детоксикацијата на организмот се случува постојано, а не само кога сме на посебен режим на исхрана. Се разбира, ако чувствувате дека ви одговара одвреме-навреме да консумирате само овошје и зеленчук, само напред – но не смее да станува збор за екстремен вид исхрана.

Фото: Getty Images

4 Со безглутенските намирници ќе симнеме килограми. Таа се препорачува за лица со целијакија, како и за оние алергични или преосетливи на глутен, протеин што се наоѓа во зрната пченица, јачмен, ’рж и во некои други житарки.

Ако ги немате овие здравствени проблеми, а сепак избегнувате глутен, можно е да не внесувате доволно витамини, влакна и минерали што ви се потребни“, тврдат во американскиот Национален институт за борба против дијабетес, дигестивни и бубрежни заболувања. Безглутенската исхрана не е диета за слабеење и нејзината цел не е да ви помогне во слабеење.

5 Брзите диети помагаат во слабеењето. Брзите диети базирани на внесување мал број калории, на подолги патеки, не даваат резултати кога станува збор за слабеење. Националната здравствена служба на Велика Британија истакнува дека можат да доведат до прејадување:

Главниот проблем е во тоа што е многу тешко да се придржуваш до оваа диета. Исто така, може да се случи да се исфрлат основните хранливи состојки од исхраната, бидејќи брзите диети ве ограничуваат кога станува збор за разновидната исхрана.“

Освен тоа, вашиот организам ќе добива малку енергија, што може да доведе до голема желба за храна богата со маснотии и со шеќер.

Текст: Н. Човиновска

Фото: pixabay.mk, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.