Водителката Александра од „Брза кујна“ блесна во накит на „Адор Голд“ на свадбата кај шеф Никола

Модерна и уникатна

Фото: Фејсбук

Готвачот Никола Мишковски, познат како шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“, наместо класична свадба, викендов направи свадбена журка. Тој и неговата девојка Стефанија се венчаа минатата недела, а сега само направија забава за своите најблиски роднини и пријатели. На журката Стефанија носеше едноставна  венчаница со спуштени ракави, а Никола беше облечен во тегет костум.

Меѓу гостите на журката беа и колегите на Никола од „Брза кујна“, шеф Марк де Јонг и водителката Александра Илиевска која привлече големо внимание на прославата и тоа благодарение на уникатниот накит кој што го носеше на себе.

Фото: Фејсбук

Имено, Александра за оваа прилика својот стајлинг го надополнила со златен накит од новата колекција на реномираниот бренд „Адор Голд“ кои што во својот асортиман нудат голем број на златни парчиња за златни мигови и се водат според мотото време е за благородни искуства, каква што всушност е и целата нивна нова колекција.

Фото: Фејсбук

Инаку, Никола и Стефанија наскоро го очекуваат своето прво дете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.