Допир што лекува…

Љубовта победува сè. Не сте сигурни во тоа? Имаме научен доказ!

Истражувачите од Универзитетот во Колорадо открија дека, кога се допираат лица што се сакаат, се синхронизираат отчукувањата на срцето и дишењето, а болката станува помалку интензивна.

За време на истражувањето, 22 двојки биле сместени во симулирана ситуација на соба за породување. Откако кај жените бил воведен елементот на болка, синхронизацијата меѓу партнерите прво била прекината, меѓутоа – допирот успеал да се воспостави повторно.

Научниците веруваат дека причина за тоа е што допирот предизвикува емпатија и создава ефект на смирување на болката.

Заклучок: вашиот партнер е најдобриот лек – прегрнете го!

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.