На крштевката на принцот Арчи: Зошто сите зборуваат за Кејт Мидлтон?

Јавноста е изненадена

ФОТО: Printscreen Instagram

Иако комбинацијата е многу модернa, Кејт не добила многу комплименти

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон е позната по тоа што одбегнува храбри модни комбинации  што откриваат малку повеќе и речиси никогаш не се појавува во краток фустан.

Токму затоа јавноста се зачудила кога сопругата на принц Вилијам на крштевката на синот на Меган Маркл и принц Хари се појавила во свиленкав летен розов фустан што достигнува до бутовите, во комбинација со голема панделка и црвени кожени салонки.

https://www.instagram.com/p/BzlHhZylvwT/

Иако во оваа комбинација, што моментално е многу барана, жените изгледаат убаво, во британските медиуми и на социјалните мрежи се рашириле мислења дека Кејт не заблескала толку многу во ова издание како во вообичаените „скромни“ изданија.

https://www.instagram.com/p/BznA4seBbNM/?utm_source=ig_embed

Од друга страна, Меган на официјалната фотографија по крштевката блескала со широка насмевка во бел, рачно изработен фустан.

https://www.instagram.com/p/BzmRsMLg-UN/?utm_source=ig_embed

Најголеми полемики меѓу модните критичари на социјалните мрежи предизвикал украсот за кој, кој е необичен спој на венче и шеширче што ја фиксира косата.

https://www.instagram.com/p/BzmlJVDHWQn/?utm_source=ig_embed

Ова шеширче однапред личи на познатото венче што имитира плетенка во косата, а дури од задната страна се гледа неговата вистинска форма и се чини дека не оставило добар впечаток во ова модно издание.

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.