Постојат 7 типови глад: Научете да ги разликувате

Еве како да ги „декодирате“ и задоволите без последици по здравјето и ставата

Постојат седум типа глад, а доколку не умееме да ги распознаеме, во опасност сме да се здебелиме, објави новата студија на Универзитетот во Аризона.

1 ГЛАД НА СЕТИЛОТО ЗА ВИД

Тригер: пица во салата за состаноци. Прашајте се дали ќе сакавте да ја јадете доколку беше јаболко. Не? Тогаш не сте гладни. Да? Џвакајте полека и уживајте во секој залак. И престанете да јадете штом ќе почувствувате ситост.

2 ГЛАД НА СЕТИЛОТО ЗА МИРИС

Тригер: слаткиот мирис на пита од јаболка со цимет. Ако сте навистина гладни, земете некоја здрава замена, на пример тост од пченични никулци намачкан со путер од бадеми и наросен со цимет. Не ви се јаде тоа? Ако сте навистина гладни, нема да избирате…

3 ГЛАД НА СРЦЕТО

Тригер: тага, загриженост, здодевност. Ако „копате“ во фрижидерот барајќи нешто за јадење, веројатно имате несредени емоции. Освестете се за тоа што навистина ве мачи и соочете се со проблемот барајќи решение.

4 ГЛАД НА СЕТИЛОТО ЗА ВКУС

Тригер: копнеете по нешто кремаво, крцкаво или ладно. Одредени текстури ни создаваат задоволство на психолошко ниво. Потрудете се порциите да ви бидат мали и сочинети од здрава опција, како што е овошен јогурт или замрзнато шумско овошје.

5 МЕНТАЛЕН ГЛАД

Тригер: часовникот. Не јадете полна чинија само затоа што е време за ручек, а притоа и не сте гладни. Од друга страна, ако чувствувате глад, вистинско време е да се најадете.

6 КЛЕТОЧЕН ГЛАД

Тригер: умор. Премаленоста предизвикува потреба за висококалорични оброци богати со јаглехидрати (брза храна, слатки…). Наместо тоа, отспијте 15 минути или изедете високопротеинска ужина (некој кажа бадеми?).

7 ГЛАД НА СТОМАКОТ

Тригер: кркорење во стомакот. Рангирајте го гладот на скала од 1 до 10. Ако вашиот резултат е 3, време е за ужина; од 4 до 6 бара помал оброк; од 7 до 10 значи дека е време да ја наполните чинијата.

Текст: У&З

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.