Солените мафини со јајца и сланина се идеален рецепт за петочен појадок
Состојки:
- 6 јајца
- 6 тенко исечени парчиња панчета
- леб
- зелена пиперка
- прстофат сол и бибер
- малку оригано
- свеж власец
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. На парче леб притиснете раб од чаша и исечете круг во средина. Кога ќе добиете 6 кругови леб, ставете ги во калап за мафини. Секој калап обложете го со сланина, во средината додајте зелена пиперка, па во секоја корпичка скршете по едно јајце. На врвот од секое јајце ставете зачини по желба и свеж власец. Печете околу 20 минути.
Послужете ги топли и уживајте во овој крцкав појадок.