Печена палента
Многу повеќе вегетаријански рецепти можете да пронајдете следејќи го Даниел Цуклев на неговиот инстаграм-профил @cuklev
Количеството на наведените состојки за приготвување на ова вкусно јадење, кое за читателите на списанието „Добра храна“ го приготви Даниел Цуклев, е наменето за 2-3 лица, а за негово приготвување ќе ви бидат потребни 40-45 минути.
Состојки: * 170 г палента * 600 мл вода * половина лажиче сол * црн пипер * лажица оригано * 2-3 лажици маслиново масло * 20 г путер * кора од лимон
Приготвување:
1 Во поголем сад се става водата да зоврие со солта и оригано-зачинот.
2 Во зовриената вода се додаваат 2-3 лажици маслиново мало и со постојано мешање палентата се вари околу 8 минути.
3 Кога палентата ќе биде готова, се префрла во помал плех и врз неа се ренда кора од лимон. Се остава на ладно 30 минути.
4 По 30-40 минути, палентата се сече на коцки и се префрла во грил-тавче. Се премачкува со путер и се пече од двете страни по 4 – 5 минути.
Извор: „Добра храна“
Фото: Даниел Цуклев