Лазањи што се прават брзо и лесно
Потребни состојки:
- 8 кори за лазањи
- сол по потреба
За филот
- 1 главица кромид
- 200 грама мелено месо
- 1 морков
- оригано по потреба
- суви растителни зачини
- масло по потреба
- 1 лажица ориз
- 1 лажичка сладок пипер
- 100 грама кисела павлака
- 100 грама рендан кашкавал
Приготвување:
Сварете ги корите за лазањи во посолена вода, а потоа ставете ги во ладна вода, па распределете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат.
На загреано масло испржете ситно сечкан кромид, додајте рендан морков и пропржете. Потоа додајте го меленото месо, оризот, сувите растителни зачини. Пропржете, па тргнете го од шпорет, додајте сладок пипер и измешајте. Оставете да се излади и додајте оригано. Измешајте за да се соединат сите состојки.
Земете една кора и премачкајте ја со кечап. Врз неа (накосо) ставете ја втората кора. На средина ставете лажица од филот, преклопете ја прво левата па десната страна, а потоа горната па долната страна. Повторете ја постапката со преостанатиот материјал.
Наредете ги пакетчињата во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со кисела павлака и наросете ги со рендан кашкавал. Печете ги во добро загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Послужете ги топли.