Не можеме да се соземеме од невкусот: Ким Кардашијан и Хејли Болдвин го потврдиле најчудниот тренд за 2019 година!
Бизарно!
Оваа година, за жал, сè е дозволено во модниот свет
Папараците го следат секој чекор на Хејли, а пред крајот на минатата година, била начекана на улиците од Лос Анџелес во многу интересна модна комбинација.
Ако некогаш сте мислеле дека елегантно сако и тренерки никако не одат заедно, сопругата на Џастин Бибер го споила неспојливото и во нејзина режија не изгледа толку лошо.
Но откако манекенката прошетала во бело сако, сива тренерка и бели спортски патики, старлетата Ким Кардашијан веднаш одлучила да го стори истото, само на потполно поинаков начин.
Ким го пробала овој стајлинг на презентацијата на својот нов парфем и засега собрала само негативни критики, бидејќи одбрала лоша боја и крој на облека.
Којзнае, можеби во ова издание наскоро ќе ја видиме и нејзината помлада сестра Кајли Џенер која обожава да експериментира со модата и да диктира нови трендови, а на сите веќе им е јасно дека Ким е нејзиниот најголем моден идол.