„Ѕирнете“ во возниот парк на Саша Поповиќ вреден над 800.000 евра! (ФОТО)

Има вкус за атомобили...

Големиот естраден моќник, Саша Поповиќ, иако е официјално во пензија, и понатаму неуморно работи и паметно ги вложува парите кои ги заработи од продавањето на „Гранд“.

Како што им е познато на многумина, тој е голем вљубеник во автомобилите, па на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во нов луксузен „ѕвер“ по кој сите се вртат.

Скапоцениот автомобилот со жолта боја ги освои сите погледи, а Саша се движеше со крената глава, знајеќи дека вози „ѕвер“.

Како што пренесуваат медиумите, оваа машина чини околу 230.000 евра. Жолтиот автомобил е кабрио, а Саша го искористил сончевото време да го отвори покривот за да може да ужива во возењето.

Ова е уште една лимитирана верзија на автомобил, па така Поповиќ вози еден од најскапите автомобили на овие простори.

Да потсетиме, возниот парк на Саша вредел 607.000 евра, а познато е дека секоја година купува по еден нов автомобил.

Автомобилите кои ги поседува може да ги погледнете на овој ЛИНК.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.