Саша Поповиќ и Сузана во исчекување: Креативниот директор на Гранд откри неостварена желба: „Нема да се нервирам“ (фото)

Може и ќе биде...

Некогаш ни многу пари не помагаат…

Креативниот директор на Гранд продукција Саша Поповиќ направи сума сумарум на годината што се ближи кон крајот и откри каква желба си посакуваат со сопругата Сузана во годината што доаѓа.

Поповиќ истакна и дека е во пензија и дека воопшто не му е грижа што некој ќе каже за него.

„Посакувам внуче. Не е важно дали ќе биде машко или женско. И јас и Сузана посакуваме, но еве, чекаме! Очекуваме да видиме што ќе се случи. Чекаме, но се уште нема ништо… Тоа ќе се случи…“, изјави Поповиќ.

Поповиќ неодамна се најде на мета на интернет измами, а сега откри зошто нема профил на ниту една социјална мрежа.

„Тоа ми го покажа ќерка ми, ми кажа дека некој ме ставил на Инстаграм и се претставува во мое име, како да тоа мој вистински профил. Никогаш не сум имал профили на социјалните мрежи, ниту сакам да имам. Немам Титок, немам Инстаграм, немам Фејсбук, немам ни Твитер. Немам ништо и среќен сум што немам“, рече Поповиќ.

Фото: Инстаграм 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.