ЗОШТО МОЈАТА СЕДА КОСА Е ПРОБЛЕМ, А НА КЛУНИ НЕ Е?! Славната актерка за СРАМНОТО ЛИЦЕМЕРИЕ што ја следи секоја жена

И сосема е во право!

Колку е убаво да се има седа коса, ќе видите кога ќе ја погледнете актерката Енди Мекдауел (64) која гордо ги носи своите побелени влакна.

Колку тоа не им се простува на жените, а кај мажите изгледа привлечно, покажа Енди Мекдауел, чии изјави можат да бидат голема мотивација не само за жените на нејзина возраст туку и за другите бидејќи сите нè чекаат седите влакна, нели?

Моите менаџери всушност ми рекоа: „Не е време.“ А јас одговорив: „Мислам дека не сте во право, ќе бидам помоќна ако се прифатам себеси“, рече актерката за одлуката да се појави во јавноста со седа коса.

Endi Mekdauel nedavno na Nedelji mode u BerlinuИ не зажали за одлукат…

Кога го направив тоа, ми беше толку јасно дека моите инстинкти беа во право бидејќи никогаш не сум се чувствувала помоќно. Се чувствувам поискрено. Се чувствувам како да не се преправам. Се чувствувам како да се прифаќам себеси таму каде што сум. Се чувствувам удобно. И на многу начини, мислам дека сето тоа е повпечатливо на моето лице. Само чувствувам дека ми одговара.

Таа откри дека инспирацијата ја нашла кај жените надвор од јавната сцена, но и дека многу страдала како актерка бидејќи од неа секогаш се очекувало да изгледа младо. Доста ѝ е од такви очекувања. А и нам. Вам?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.