Живот на рати: Отсекогаш се прашував како се станува шопингхоличар

Манифест на шопингхолизмот

Уживањето во шопингот одамна е дел од моето секојдневје, но фактот дека купувањето ми преминува во зависност го почувствував неодамна, и тоа благодарение на една песна. Да, да, верувале или не, целиот мој шопингхоличарски живот се смести во точно две строфи и еден рефрен.

Долго време се двоумев дали мојава приказна, или поточно кажано исповед, да ја наречам „Манифест на шопингхолизмот” или „Живот на рати”.

Земајќи предвид дека станува збор за две неразделни синтагми, поточно, животот на рати е една од главните карактеристики на ова популарно движење на современата доба, кое има голем број приврзаници, и тоа повеќето од женскиот пол, остана двојниот назив.

Всушност, ќе признаам дека првпат не се двоумев за името на текстот. Но тој факт не ме израдува туку ме загрижи, бидејќи ме поттикна да се замислам колку длабоко имам навлезено во шопингхоличарскиот грев.

Верувале или не, сиот мој шопингхоличарски живот се смести во строфите и рефренот на песната „Кесе, етикете” на српската пејачка Бојана Вунтуришевиќ. Кога го прочитав насловот, веднаш помислив дека би можела да се пронајдам во стиховите. Но како што ја слушав, сфатив дека песната е конкретен приказ на сиот мој живот… Бидејќи беше викенд, а викенд е време за шопинг нели, завршив со песната и почнав да се подготвувам за излегување.

Излегов со другарките, седнавме во омиленото кафуле, но овој пат јас со себе носев еден сопатник – гризење на совеста. Изгледа дека песната ме има погодено повеќе одошто очекував. Само што овој пат не ми беше до кршење чаши, повеќе мислев на кршење кредитни картички, фигуративно кажано.

ЗОШТО ТОКМУ ЈАС?

Отсекогаш се прашував како се станува шопингхоличар, мислејќи дека мене никогаш не би можело да ми се случи тоа. Но сега знам дека може да му се случи секому и дека зависноста од купување нема никаква врска со материјалната состојба ма „болниот”, затоа што не мора да бидете „пребогати” за да се впуштите во шопинг-авантура.

Слободно прашајте ги моите кредитни картички, тие најдобро ќе ви го објаснат тоа. Всушност, мојот живот на рати почна пред неколку години, кога ми требаше нов лап-топ, па иако долго време се двоумев, сепак одлучив да го купам. Отидов во банката и побарав да ми одобрат дозволен минус.

Од банката излегов со одобрение и со две нови пријателки – Мастер и Виза. И тогаш почнаа да се менуваат работите. Почнав да забележувам дека постојат продавници кои на влезната врата го имаат логото на банката со која соработуваат и преку која ви дозволуваат да купувате на рати, без провизија.

Во зависност од сумата, ви дозволуваат купување на три, шест или на дванаесет рати, а доколку станува збор за техничка роба – и до дваесет и четири рати! И како што обично бидува, таа волшебна налепница ја открив на вратата на мојата омилена продавница. Е, тоа беше вистинско откровение за мене! Конечно можев послободно да си купувам, вклучувајќи ги и работите што порано беа недостижни за мене.

Нели, многу е полесно кога сумата може да се подели на рати, односно да се плаќа неколку месеци… Веќе не морав да се ограничувам да купува само за време на попусти и големи распродажби, сега, доколку ми се допаѓа некое парче, го купувам веднаш, чисто за да не ми се продаде додека дојдат попустите… Можеби нема да останат доволно броеви, или бои, или парчиња воопшто… Сметам дека повеќето од вас апсолутно разбираат на што мислам, нели?

ЛЕБ И МЛЕКО НА ОДЛОЖЕНО

И така, парче по парче, продавница по продавница, сметка по сметка… дојде до тоа веќе да не можам да си го замислам животот без моите кредитни картички, и покрај тоа што секој иден месец сумата што треба да ја платам во банка е сè поголема и поголема…

Прочитајте и: Зависници од шопинг: Овие 5 хороскопски знаци неконтролирано трошат пари!

Во еден миг бев принудена да го укинам дозволениот минус и тогаш се почувствував мошне горда на самата себе. Стиснав заби, отидов во банка и со јасен глас им соопштив дека нема да го обновам барањето. Но да ги откажам картичките…

Е па, тоа е многу потешко. Сепак, сè е некако поубаво и полесно со нив… А би морала прво да ја исплатам комплетната сума што ја должам, плус камата… Така што…

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.