Зависници од шопинг: Овие 5 хороскопски знаци неконтролирано трошат пари!

Немаат мерка!

За овие хороскопски знаци не постои зборот штедење, бидејќи тие трошат каде што ќе стигнат

Шопингот за повеќето жени е како анти-стрес терапија, а луѓето родени во овие хороскопски знаци се познати како големи трошаџии.

Тие не можат да се контролираат кога се шетаат по бутици и лесно посегнуваат по паричникот.

Без разлика дали трошат за себе или за другите, овие пет хороскопски знаци ќе ги спискаат сите пари без размислување.

Бик

Овој хороскопски знак е роден хедонист и ужива да троши пари. Но никогаш нема премногу пари, па затоа знае како најдобро да ги потроши парите со кои располага.

Припадниците на овој знак се во состојба први да се жалат дека немаат пари, а потоа утредента ги пакуваат куферите и заминуваат на далечна дестинација.

Купуваат недвижнини, но барем знаат дека не ги потрошиле залудно парите. Исто така, многу вложуваат во работата и изгледот, но се’ што ќе потрошат брзо им се враќа, па ретко се во минус.

Лав

Лавовите сакаат да си угодуваат себеси, па често се почестуваат со вечера во ресторан или со патување на егзотична дестинација. Обично добро заработуваат, а дури и кога не заработуваат многу, се погрижуваат никој да не го забележи тоа.

Не жалат за вложувањето пари во скапи работи што ги прават задоволни. Затоа и не е чудно што секогаш изгледаат совршено и се однесуваат како да се полни со пари, иако не се богати.

Терезија

Станува збор за знак што обожава шопинг. Уживаат во купувањето и не ги гледаат цените, бидејќи сметаат дека парите постојат за да се трошат. Исто така, обожаваат убави и квалитетни парчиња облека и козметика.

Во состојба се да си ја исполнат секоја желба и нема да чувствуваат вина ако влезат во минус поради некое скапо задоволство. Другите луѓе понекогаш ги доживуваат како расипници, но тие не обрнуваат внимание на тоа.

Стрелец

Овој хороскопски знак не се грижи за парите, туку ги троши на се’ што ќе посака. Попрво би работел по цели денови за секогаш да има со што да располага и да троши. Но Стрелецот сака да им угодува и на другите, па одвреме-навреме ги почестува блиските луѓе.

Секогаш кога седнува во ресторан или во кафуле со пријателите, му остава бакшиш на келнерот, а кога купува подароци, не ја гледа цената.

Близнаци

Кај Близнаците нема средина, еден ден се полни како брод, а другиот ден се пред банкрот. Кога се обидуваат да заштедат, тоа не трае долго, бидејќи се големи љубители на забава и уживање. Не се внимателни, а плаќањето на сметките го одложуваат до најдоцниот можен рок.

Тие не се грижат за големите трошоци, бидејќи се многу снаодливи. Иако ретко паѓаат во долгови, постојано мора да смислуваат нешто за да си го дозволат животот што го посакуваат.

Исто така, секогаш наоѓаат начин да го добијат тоа што го сакаат со минимални трошоци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.