Живот на рати: Отсекогаш се прашував како се станува шопингхоличар

Манифест на шопингхолизмот

Уживањето во шопингот одамна е дел од моето секојдневје, но фактот дека купувањето ми преминува во зависност го почувствував неодамна, и тоа благодарение на една песна. Да, да, верувале или не, целиот мој шопингхоличарски живот се смести во точно две строфи и еден рефрен.

Првите знаци на сериозен шопингхолизам ги забележав дури неодамна. И тоа токму во продавницата во која секој ден купувам леб и млеко. По навика, посегнав по картичката да ги платам основните намирници за живот, затоа што, иако траат само еден ден, зошто да не ги платам еден месец подоцна, нели?

Признавам, тоа многу ме исплаши! Брзо пронајдов тест – знаев дека на интернет постои такво нешто – кој, за жал, покажа дека сум позитивна на шопингхолизам. Значи, немав каде, морав да си признаам:

„Да, да, дефинитивно си навлечена на шопинг!”

А еве како изгледа тестот: под насловот „Како да препознаете шопингхоличар”, стојат следниве ставки: тој троши повеќе од личниот буџет, купува повеќе одошто му е потребно, ги крие прекумерните парчиња од пријателите и од семејството, ги враќа купените работи поради гризење на совеста и чувство на вина, претпочита да плаќа со картички одошто во кеш, се отуѓува од околината кога е преокупиран со шопинг, купува секогаш кога ќе се почувствува осамено, тажно или луто, чувствува срам и вина поради прекумерното трошење, нон-стоп размислува за парите, го одлага плаќањето на сметките, отвора нови кредитни картички за да може да ги „претура” средствата од една на друга, често размислува на шопингот, за време на кој чувствува огромно задоволство и среќа, купувањето му е поважно од употребата на купената роба и главно исти ситуации и емотивни состојби го тераат да купува.

Прочитајте и: Како да се преживее шопинг-треската

На крајот пишува дека доколку лицето што го решава тестот се пронајде во две од наведените ставки, тогаш дефинитивно е зависно од купување, а јас сфатив дека се пронаоѓам во повеќето од нив. Знам дека не сум единствената, но тоа не ми ја олеснува ситуацијата. Воопшто!

НАУКАТА ВЕЛИ…

Се разбира, како за сè друго, така и за ова постои научно објаснување. Психотерапевтите имаат што да кажат и на оваа тема. Во почеток, шопингхоличарите, како и секој друг проблем, можат да се дефинираат.

Дефиницијата вели дека станува збор за лица што имаат нескротлив импулс за купување непотребни работи, поради што често влегуваат во долгови и тешко можат да излезат сами од таквата ситуација.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.