Волонтери во тајност: Принцот Хари и Меган Маркл ги воодушевија хроничните болни

Никој не разбрал дека храната им ја носат тие

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) воодушевија со волонтерството во непрофитна организација од Лос Анџелес, која им носи оброци на хроничните болни. Имено, Хари и Меган во тајност им испорачувале храна на оние на кои им е потребна во време на пандемијата со коронавирусот, пренесува Рage Six.

Носеа маски и ракавици и донесоа храна што може да се консумира со недели“, рекол за Си-ен-ен, директорот на организацијата Ричард Ејоуб.

Тој признал дека еден од организацијата му рекол дека никој од нив не сфатил кој им донел храна се’ додека војводите не си заминале.

Беа облечени лежерно, во издание во какво не очекувате да ги видите“, раскажал Ејоуб.

За крај рекол дека не знае дали тие повторно ќе се вратат, но им порачал дека можат да дојдат кога и да посакаат.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.