Заедно за спас на планетата: ЕКОЛЕКЦИИ од пандемијата

Една стара поговорка вели дека во секое лошо има нешто добро. И навистина, кој би рекол дека нешто позитивно можеме да пронајдеме дури и во вирусот на ковид-19. Истражувавме како пандемијата влијаела врз здравјето на нашата планета

Сосема ве разбираме доколку сакате 2020 година да ја закопате длабоко под земјата и веќе да не размислувате за неа. Но, како што рекол Винстон Черчил, да не отфрламе целосно добро четиво, конкретно, лекциите што ги научивме за време на пандемијата, а кои се мошне важни и кои влијаат врз нашиот живот.

На пример, повторно ја сфативме вредноста на пријателите, т.е. колку многу ни значат односите со другите луѓе. Потоа, акцентот беше врз меѓународната соработка, бидејќи глобалните закани изискуваат соработка. Текстот продолжува по огласот…

Исто така, пандемијата ја зголеми свеста за климатските промени и нè поттикна да почнеме да се грижиме за сопственото здравје, што е и тема на овој напис.

Еве кои постапки може да донесат долготрајни еколошки промени.

ДА ЈА НЕГУВАМЕ ПРИРОДАТА

За време на карантинот, природата расцути низ целата планета. На пример, се појавија ретки видови птици, бидејќи беа многу помалку вознемирувани за време на свивањето на своите гнезда. Но процутот на дивиот свет нема да трае долго, бидејќи, да не се лажеме, природата и понатаму е загрозена. На пример, кога зборуваме за птиците, само во Велика Британија угинале повеќе од 40 милиони птици во последните 50 години, а ежовите се на граница да бидат истребени.

ПОЧИСТ ВОЗДУХ

Поради затворањето на фабриките и аеродромите и намалената индустриска активност и редуцираната примена на моторните возила, воздухот беше многу помалку загаден во споредба со претходните децении. Меѓународната агенција за обнова на енергијата очекува дека глобалната годишна емисија на гасови ќе биде пониска од 6 до 8 проценти.

Тоа е навистина одлична вест, а за да се задржи трендот и понатаму, мора да се концентрираме на прашањето како да продолжиме да ја намалуваме емисијата на гасовите.

Со изборот на зелени методи на транспорт, како што е велосипедот, со работа од дома и со префрлување на обновливи извори на енергија, ќе помогнеме да се одржи моменталната ситуација, па и да се подобри со текот на времето.

ДА СЕ НАСОЧИМЕ КОН ПРЕВЕНЦИЈАТА

До почетокот на пандемијата, повеќето од нас размислуваа за сопственото здравје дури откако ќе се разболеа. Нашиот пристап кон здравјето беше реактивен – правиме што сакаме, го занемаруваме сопственото здравје, а кога ќе се разболиме, правиме сè за да оздравиме што е можно побрзо.

Ковид-19 нè научи кој е најдобриот начин да го ограничиме неговото внимание, а тоа е да бидеме проактивни – да го намалиме ризикот од инфекција со редовно миење на рацете и носење заштитна маска, да го подобриме режимот на исхрана, да размислуваме за здравјето на органите за варење, бидејќи знаеме дека и тоа е поврзано со имунитетот, помалку да консумираме алкохол итн.

Како резултат на пандемијата, кај многумина можеме да забележиме позитивни промени во однос на сопственото здравје.

ПОБИСТРА ВОДА

По пролетниот карантин, социјалните мрежи ги преплавија фотографии на риби што пливаат низ каналите во Венеција, кои претходно беа матни и лошо мирисаа. Водите станаа почисти и побистри, а се намали и количеството на пластичен отпад во реките и во езерата.

Намалувањето на воздушниот сообраќај и на емисијата на гасовите придонесе за подобар квалитет на водите.

Водените текови станаа почисти поради застојот во индустријата и намалениот капацитет на риболовот, а почистите води му користат на растителниот свет, кој доживеа просперитет благодарение на тоа. А што можеме да преземеме за да се одржи овој тренд?

Еден од наједноставните начини е да користиме биоразградливи производи во домаќинствата, а важни се и иницијативите за чистење на речните корита или бреговите на локалните езера.

ДОСТАВА – ПООДРЖЛИВ НАЧИН

Пандемијата го смени и начинот на кој купуваме. Онлајн-продавниците и маркетите бележат пораст на порачките и на продажбата. Едно комбе за достава што посетува неколку дома претставува поодржлива опција отколку секој од нас да појде во набавки со сопствен автомобил. Продолжете понатаму да купувате онлајн!

ИЗБИРАЈТЕ ОРГАНСКО

Податоците на агенцијата „Ниелсен“ покажаа дека во текот на првите 12 недели од 2020 година продажбата на органска храна и пијалаци (што наедно го поддржува и здравјето на земјиштето и на екосистемот)  пораснала 18,7 проценти. Тоа покажа дека, како купувачи, почнуваме подлабоко да замислуваме за приказната што стои зад самиот производ и дека сакаме да консумираме производи што се подобри не само за нашето здравје туку и за планетата.

ДА НЕ ФРЛАМЕ!

За време на карантинот како целиот свет да се фрли на месење леб и печење колачи. Наеднаш сите станавме креативни во кујната. Покрај тоа, користевме 30% повеќе остатоци од храната одошто пред карантинот. Остатоците од храната имаат ужасна репутација, едноставно, не знаеме што да правиме со нив, се влечат низ фрижидерот, никој не ги сака и на крајот ги фрламе.

Но проблем не е само тоа што фрламе пари на тој начин туку и ресурси на нашата планета, кои не се неограничени. Затоа, важно е да го одредиме количеството на храната што ќе ја изедеме кога приготвуваме оброк и да избираме рецепти во кои можеме да ги употребиме остатоците од претходниот оброк.

ДА БИДЕМЕ СОЛИДАРНИ

Коронавирусот нè научи дека глобалните предизвици не познаваат граници, а тоа важи и за глобалните промени. Од почетокот на пандемијата, интересот за животната средина се зголеми. Сè поголем број од нас смета дека владите во светот треба да размислуваат за обновливи извори на енергија, но големите промени доаѓаат и од индивидуалните чекори.

Затоа, секоја наша мала екопостапка е ВАЖНА. Не откажувајте се, туку само напред во правецот во кој тргнавме!

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.