Ќе ви помогнат: Совети за дружење по пандемијата

Иако пандемијата сè уште е присутна – помалите собири не се исклучени, и веруваме дека им се потребни на секој од нас!

Ако ја поминавте зимата „во четири sида“, доброто време нека биде поттик за ново дружење со луѓе кои не сте ги виделе долго време и кои ви недостасуваат, но и за зајакнување на односите со најблиските и децата.

Иако тоа не значи одење на концерти или клубови, на свадби и забави, добро дизајнираните активности на отворено може да го заменат тоа и да ви се допаднат.

Дегустација на вино и сирење

Тревник, корпа за излет, сонце, природа и свеж воздух, може да биде одличен поттик да организирате малку дружење со вашите најблиски. Ако на тоа додадете и дегустација на вино, сирење или некоја нова храна, среќата е загарантирана.

Филмска вечер на отворено

Со поубавото време, дојдоа и потоплите вечери. Зошто да не го искористите тоа и да организирате филмска вечер на отворено? Соберете ги вашите пријатели и заедно создадете вечер за паметење која сигурно ќе сакате да се повторите наскоро.

Пешачење

Нема што да се напише за придобивките од пешачењето, па дури и ако сте почетник, нема причина да не прошетате во природа со добро друштво.

Излет со децата

Децата исто така се лишени од многу за време на кризата што ја предизвика пандемијата КОВИД-19, па затоа треба да бидат вклучени и социјализирани, и постојат безброј начини да се направи тоа. Одете со нив на возење велосипед, истражете заедно неколку нови патишта во ваша близина кога пешачите. Дизајнирајте физички активности на отворено и задолжително ограничете го времето поминато пред екраните. Играјте со топка, цртајте со креда, собирајте камчиња, берете цвеќиња.

Прочитајте и: Време е да го вратите позитивниот поглед на светот

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.