Останете во форма: 4 основни вежби кои ве одржуваат здрави и млади

Ако сè уште не можете да започнете редовно вежбање, тогаш барем пробајте ги овие основни вежби што можете да ги изведувате во вашиот дом и за кои не ви требаат повеќе од 15 минути.

Една неодамнешна студија направена на престижниот универзитет Харвард дефинираше неколку основни вежби кои треба да ги повторуваме секој ден без оглед на возраста, кондицијата, формата и другите фактори, со цел подобрување на општото здравје и забавување на процесот на стареење.

Аеробик

Ако сте од оние кои се задишуваат качувајќи се по скалите на првиот кат, аеробикот е нешто што итно треба да го внесете во вашата дневна рутина. Покрај тоа што прави чуда за вашата флексибилност, координација и ориентација, аеробикот ќе ги зајакне срцето и белите дробови бидејќи ќе ја подобри издржливоста и подобро ќе ги снабдува мускулите со крв. Според споменатото истражување, препорачаната неделна доза на аеробик е 150 минути.

Вежби за сила

Вежби како стомачни и склекови се важни за мускулен отпор што природно го губиме со возраста. Покрај тоа, тие помагаат во контролата на телесната тежина, го стимулираат растот на коските, го подобруваат држењето и рамнотежата и помагаат при болки во грбот и зглобовите. За видливи резултати, вклучете вежби за сила во вашиот режим на вежбање два до три пати неделно.

Истегнување

Вежбите за истегнување треба да бидат на вашиот дневен распоред дури два до три пати, за да се развие флексибилноста на мускулите и тетивите кои ја губат својата еластичност со возраста. За секои два часа поминати седејќи пред компјутер, треба да се направи 30-минутно истегнување. Знаеме дека звучи многу, но верувајте им на експертите од Харвард кога ќе ви кажат дека ако вметнете истегнување во вашата рутина, ќе забележите огромна разлика и ќе се чувствувате многу подобро.

Вежби за рамнотежа

Вежби како таи чи или јога ни помагаат да бидеме фокусирани, поотпорни на стрес и да имаме подобра рамнотежа. Покрај тоа, тие делуваат на флексибилноста на зглобовите и мускулите на нозете. Не мора веднаш да започнете да стоите на главата, но најдете некое време секој ден за да си играте со сопствената рамнотежа.

Прочитајте и: Може ли пешачењето да го замени секојдневното вежбање?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе