Во што е тајната? Терапијата со филм е ефикасна во третман на многу психички проблеми

Филмот дејствува терапевтски

Во почеток на деведесеттите години на дваесеттиот век во психотерапијата е воведен и филмот. Некои експерти тврдат дека терапијата со филм е ефикасна во третман на многу психички проблеми. Земајќи предвид колку длабок впечаток едно дело на седмата уметност може да остави врз нас, тоа звучи многу логично.

Терапијата со филм може да им помогне на луѓето полесно да се постават пред одредени проблеми и ситуации. Идентификувањето со јунаците, од една страна, а објективно набљудување на ситуациите во кои се наоѓаат тие, од друга страна, до некаде ни овозможуваат подобро да се согледаме себеси, своите реакции и околностите во кои се наоѓаме. Во согласност со тоа, се стекнува свест за можноста од избор, што е многу важно.

Дејството на филмот врз психата е повеќекратно. Визуелната перцепција е исклучително моќен начин на дејствување – сликата зборува повеќе од зборовите. Филмот, меѓу другото, е комбинација од слика и зборови, па со тоа неговото дејство е засилено, и тоа, пред сè, во доменот на емоциите. Тоа е речиси катарзично доколку остварувањето што го гледаме е комплетно уметничко доживување.

Филмот што врз нас ќе остави такво впечаток предизвикува отворање, потреба за интимен дијалог, што е важен чекор во психотерапијата. Терапијата со филм особено се практикува во групи. Затоа филмските фестивали, со внимателно избрана програма, можат многу позитивно да придонесат за нашата состојба на свеста, расположението и за позитивна енергија. Посебно позитивно влијание имаат филмовите за љубовта, за пресвртите во животот и за новите почетоци.

Филмот се избира во согласност со расположението и со моменталната психичка состојба

Филмот е исклучителен медиум за поттикнување дијалог, бидејќи предизвикува силни чувства. Според најновите истражувања, многу светски психолози сметаат дека е добро да се избираат филмови во согласност со состојбата во која моментално се наоѓаме. Но луѓето често одат против ова правило, и на своја рака избираат, на пример, интелигентна комедија во услови кога се изморени и обратно.

Да се избере филм е речиси свет чин, како и избирањето на вистинска книга во конкретен миг. Тоа пред сè, подразбира познавање на себеси, одлушување на своите креативни нагони и инстинскивно впуштање во ванатурата на изборот.

Еве зошто одредени филмови и серии толку многу се „примаат“ кај одредена популација.

Знаеме дека постојат филмови и серии што имаат големо влијание врз градењето или врз промената на ставовите, па дури и врз начинот на живот. Во што е тајната? Тајната е во тоа што делата ни покажуваат идеализирани, но потсвесно посакувани визии на животот, растоварени од материјалните и егзистенцијални проблеми.

Шаренилото и богатството на содржината ги привлекуваат нашите погледи и ни го одвлекуваат вниманието од конкретните проблеми. Луѓето ги користат како илузорно пребивалиште од тмурното секојдневие.

Луѓето најчесто се поистоветуваат со филмските јунаци

Иако станува збор за индивидуална појава, сепак чести се примерите на идентификација со филмските јунаци. Многу често во јунаците од телевизиското платно луѓето ги гледаат особините што и самите посакуваат да ги имаат, тие се проекција на нивните желби и неостварени амбиции. Одлично би било ако филмот нè поттикне на интроспекција и придонесе да ги преиспитаме своите особини, постапки, избори, поттикнувајќи нè на позитивни промени.

Текст: Бојана Јанушева

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.