ВНИМАНИЕ: Две неспорни причини за чистење на лицето

Добро е да знаеме!

Сите средства за шминкање не се исти по состав и по функција, па начинот за нивно отстранување не може да биде ист…

1 НАУТРО: зошто е неопходно темелно утринско миење, ако сме го направиле тоа пред неколку часа и само сме спиеле? Процесот на обновување на кожата се забрзува за време на ноќта. Сите материи што ги внесуваме преку ден создаваат нус-продукти, кои се излачуваат преку кожата и треба да се отстранат.

На пример, ако вечерта сме пиеле пиво или вино, алкохолот се разградува за време на ноќта, а одреден дел од отпадните материи се таложи во површинскиот слој на кожата. Затоа утринско миење на лицето со нежно средство за чистење е од витално значење за понатамошната нега.

2 НАВЕЧЕР: преку целиот ден кожата ја „бомбардираат“ разни загадувачи и слободни радикали. Ако не го исчистите лицето пред спиење, тогаш овие загадувачи цела ноќ ќе се задржат во неа и ќе ја оштетат.

Отстранување шминка: водоотпорна маскара

Оваа маскара се состои од раствор од материи што создаваат мрсен филм на трепките, кој испарува по нанесувањето. Така се создава водоотпорен слој. Најдобар начин за негово отстранување е повторно да употребите масло, и тоа во поголемо количество. Маслените отстранувачи на шминка ги омекнуваат состојките од маскарата и го олеснуваат нејзиното отстранување.

Траен кармин

Сите што вапсаат јајца за Велигден ја познаваат техниката на боење. Кармините од оваа категорија се темелат врз бои растворливи во вода, кои, буквално, оставаат дамки на кожата. Најдобар начин да ги отстраните е пилинг, затоа што горниот слој целосно ја впил бојата.

Можете да помешате балсам за усни со средство за пилинг или да пробате еден чудесен метод: помешајте малку сода бикарбона и паста за заби што содржи пероксид. Нанесете малку од оваа смеса на четка за заби и нежно истријте ги усните.

Текст: Наташа Човиновска

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.