УРИВА ПРЕДРАСУДИ Славната актерка во секс-сцена во осмата деценија од животот (ВИДЕО)

Доказ за самодоверба

Сигурни Вивер има 73 години и во текот на својата кариера, која трае од 1971 година, ги поместила границите на филмското платно, одела против предрасудите и го сменила мислењето на многу од луѓето.

Актерката уште еднаш покажа дека не е важно колку години имаш, туку важно е како се чувствуваш во одреден дел од животот.

Таа ја добила улогата на Хилда Гуд во филмот The Good House од режисерите Маја Форбс и Вали Володарски и така се нашла пред голем предизвик.

Имено, со Кевин Клајн, кој во филмот го толкува ликот на Френд Гечел, снимила сцена во која е целосно гола.

Голотиите во филмовите и натаму во одредена мера се табу-тема, а особено доколку во тој предизвик се впуштат актери над одреден број на години, во превод – оние постарите, во зрела доба од животот.

Инаку, филмот е правен по истоимениот роман на Ен Лири, а имал светска премиера кон крајот на минатиот месец.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.