Убавината низ филтри: Како да изгледаме добро и во реалниот живот

На оваа тема разговаравме со Дани Димитовска, Викторија Лоба и Елена Велевска

Секоја доба си носи промени и ги менува стандардите, па ни светот на убавината не е исклучок. Интернет-ерата ја смени претставата за убавина во однос на времето пред петнаесет-дваесет години. Токму затоа, за жената на 21 век е од исклучителна важност да ја оствари идејата за сопствената убавина.

Денес постојат безброј канали и филтри што ни диктираат што е во суштина убаво. Од друга страна, ако ги погледнеме жените во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, гледаме неверојатни убавици, а во тоа време не постоеле филтри, ниту можност за таков вид разубавување.

Денес, благодарение на споменатите филтри, можеме да замаскираме многу наши „недостатоци“, но што со нив во реалниот живот. Кога станува збор за целулитот, стручњаците повеќе не го третираат како болест условена од абнормална задршка на течности во ткивата, како што беше до неодамна, туку едноставно како полова карактеристика на женската популација, бидејќи со него се бори безмалку секоја од нас.

Според заклучокот на големиот конгрес во Монте Карло, целулитот е дел од женската анатомија и физиологија бидејќи го имаат 95% жени. Целулитот е женска судбина, која во современата медицина се третира како секундарна, полова карактеристика на жените, а само 2-3% жени воопшто го немаат. Секако, постојат различни стадиуми на негова појава, од речиси невидлив до изразен.

Постои ли вистинско решение? Прашавме три дами што се поим за убавина и негуван изглед по какви решенија посегнале тие.

Филтрите нè направија непрепознатливи“, вели Дани Димитровска, поп/рок-пејачка.

Искрено мислам дека СИТЕ веруваат во природноста како оригинален печат на секоја жена.“

Познатата пејачка, која зрачи со својата убавина и шарм, признава дека е голем љубител на храната. Иако варира со килограмите, Дани секогаш зрачи со самодоверба и објавува фотографии во природно издание.

„Секое време си има различна перцепција за тоа што е убаво, односно кои се стандардите за женската убавина. Од Мона Лиза до Памела Андерсон, разликата е јасно видлива, нели?

Можеби живееме во време кога сè што е вештачко, надградено и додадено е ИН, но искрено мислам дека СИТЕ веруваат во природноста како оригинален печат на секоја жена… Само сме залудени, опчинети и маѓепсани од медиумскиот притисок, па секој има потреба од внимание со посебен акцент на надворешниот изглед како единствен предуслов за некаков си статус.

Филтрите само направија луѓето да не можат да се препознаат кога ќе се видат лице в лице. Или, пак, да препознаат дека сликата е „филтрирана“. Тие направија повеќе да се фокусираме на тоа кој филтер е употребен и како ги зголемиле очите отколку на прибележување на емоцијата што сликата ја носи. Сите сме жртви на истото. Некој е свесен, а некој не.

Грижата за себе е култура на однесување кон самиот себе. Јас ја сакам храната и не секогаш внимавам на неа. Тоа ми потекнува од чистата љубов кон животот што во некои книги се нарекува хедонизам. Но имам два периоди во годината кога војнички влегувам во шаблон, им се препуштам на професионалците. Апаратите за слабеење и за обликување на телото ги практикувам најмногу, бидејќи брзо ги топат мрсните наслојки.

Се придржувам кон препорачаниот режим на исхрана што ми го даваат и активна сум физички, но би потенцирала дека еден од моите омилени третмани е антицелулитна масажа, која ја практикувам по секој третман.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

Филтрите ја сменија смислата на животот“, смета Викторија Лоба, поп-пејачка.

Најважна е грижата за сопственото здравје. Храната и водата се најважните фактори за убав изглед.“

Поп-пејачка буквално порасна пред очите на јавноста. Поради својата несекојдневна убавина, покрај музичката кариера, таа учествуваше во низа рекламни кампањи на големи компании и модни куќи, a eве што мисли Викторија за филтрирањето на сликите што се објавуваат на социјалните мрежи.

„Поради Фејсбук и Инстаграм не се смени само перцепцијата за убавината туку и животот доби сосема поинаква смисла. Психолозите низ целиот свет ги предупредуваат младите, особено женската популација, да не се фокусираат толку многу на виртуелниот свет, а јас би кажала, да не се лажат гледајќи ги најпопуларните профили, затоа што не сè што е претставено таму како здраво е природно и реално, се разбира.

Повеќето ѕвезди претеруваат со наметнувањето трендови и со погрешните прикази на убавината, дефинитивно. Ако јас се прашувам, филтрите би требало да бидат алатка со која би го освежиле или би го приспособиле колоритот на фотката, а не да го смениме физичкиот изглед. Најважна е грижата за сопственото здравје.

Во тој контекст, исхраната и водата се најважните фактори за убав изглед. Искрено, јас не се ограничувам во однос на исхраната, внимавам само да не се прејадувам и тоа ми помага да одржам баланс.

Исто така, се трудам да пијам вода колку што можам повеќе и најважно е редовно вежбање за одржување на тонусот на мускулите.

Филтрите се само дополнување“, вели Елена Велевска, фолк-пејачка.

Фото: Инстаграм

Сакам кога некој ќе ме види во живо да ме препознае, а не да се исплаши.“

Популарната пејачка е мајка на три деца и поим за згодно женско тело. Нејзините цврсти стомачни мускули се доказ дека со редовна грижа за себе, жената може да изгледа како и пред породувањето. Сепак, и неа ја прашавме дали практикува да ги филтрира фотките на Инстаграм.

„Ако нешто е помалку убаво, ниту еден филтер не може да го подобри. Во последно време, барем на Инстаграм, забележувам дека помалку ги користат филтрите. Кога јас би се прашувала, никогаш не би ги обработувала моите фотографии, но за да изгледа сè како што треба, потребна е минимална доза Фотошоп.

Во дигиталнава доба сè ни е достапно на еден клик, но има и премногу лаги. Сите оние фотографии што ги гледаме се толку многу поправани што не изгледаат реално.

Речиси и не постои манекенка што во живо изгледа идентично како и на професионалните фотографии. Но времето го носи тоа, некои луѓе сакаат по секоја цена да се ИН.

Секоја девојка треба да биде своја, да не биде нечија копија, да види нешто, да го примени, но да додаде нешто свое. За жал, во последно време на улица ретко може да се види девојка или момче што се издвојуваат од масата, од онаа униформираност. Секој тренд не е за секого, и мене не ми стои сè.

Јас ја сакам и ја почитувам индивидуалноста. Максимално внимавам на мојот изглед, имам распоред според кој се придржувам, занимавајќи се со мојата професија, тоа е неопходно. Внимавам на исхраната, вежбам во вежбалница, еднаш неделно одам во спа-центар, каде што ги користам сите удобности, од масажа и џакузи до парна бања и базен. Козметичките третмани се составен дел од мојата нега, за тоа секогаш наоѓам време, стресот ми исчезнува за миг.

Еден од најголемите непријатели на жената е целулитот, но со антицелулитните масажи, негата и со исхраната – се средува сè.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Velevska (@evelevska)

Текст: Ј. Стојменовиќ

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.