Тест на личноста со 4 прашања што откриваат кои сте и какви сте навистина: Одговарајте искрено и без многу размислување!

Дознајте

Овие тестови се многу интересни, бидејќи со нивна помош ја откриваме нашата потсвест и дознаваме нови работи за себе

Ова е еден мал, но прилично точен тест на личноста, за кој ќе ви требаат лист хартија, моливче и имагинација. Најдобро е да ги одговарате прашањата без премногу размислување, туку така како што ќе ви падне на памет во моментот.

Најважното правило е да одговарате искрено, според тоа како се чувствувате.

Па, сместете се удобно, исклучете ја логиката на некое време и замислете си дека пливате во топол и чист океан…

1. Нуркате за да ги разгледате морските длабочини, кога одеднаш гледате сирена. Која боја е нејзината опашка?

2. Но сирената не е единственото нешто што го забележувате. Покрај неа има сина риба. Каква е таа? Опасна и агресивна или мирна и безопасна?

3. Нуркате уште подлабоко и на самото дно забележувате школка. Како изгледа таа? Каква форма има? Рамна и мазна или можеби спирална , или пак, е во форма на полузатворена тупаница?

4. Конечно дојде време да се вратите на копно. Допливувате до брегот и се наоѓате на плажа. Колку луѓе гледате таму?

Ги запишавте (или запомнивте) сите одговори? Време е да дознаете што значат тие…

1. Бојата на опашката на сирената открива колку сте комуникативни.

Ладните и мирни бои, како сина и зелена, значат дека сте срамежливи. Интензивните бои, како жолта и розова, откриваат дека лесно пронаоѓате заеднички јазик со нови познаници.

2. Рибата симболизира како ги решавате спорните ситуации.

Ако замисливте мирна, неагресивна риба – немате проблем со искажувањето и одбраната на сопственото мислење.

Ако рибата е опасна и се однесувала агресивно, тоа открива дека претпочитате да одбегнувате расправии и конфликтни ситуации.

3. Школката го означува степенот на вашата отвореност кон луѓето од вашето опкружување.

Школката со едноставен облик означува дека лесно им се отворате на луѓето и без двоумење им зборувате за себе.

Од друга страна, ако замисливте школка со необична форма, вие сте затворена личност и не сте подготвени да ја споделувате вашата приватност со другите.

4. Луѓето на плажата го означуваат бројот на вашите пријатели.

Плажата е полна со луѓе – најверојатно вие сте главните организатори на социјални собири и забави.

Неколку луѓе – немате многу пријатели, но затоа тие се вистински и проверени.

Ако замисливте сосема празна плажа, тоа значи дека вие, всушност, немате голема доверба во луѓето и не сакате да стекнувате пријатели.

Дали сте задоволни од резултатите на овој тест? Погодивме нешто?

Најточниот тест на личноста што го создал познат психолог: Одберете птица и дознајте ги вашите најголеми ДОБЛЕСТИ и МАНИ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.