Тешки денови за Кортни: „Очајно сакам бебе, но лековите ми предизвикаа МЕНОПАУЗА и ДЕПРЕСИЈА“

Трновит пат

Кортни Кардашијан (43) многу сака да роди бебе со партнерот Тревис Баркер (46), но за жал наиде на многубројни пречки на патот да си ја исполни желбата.

Таа зборуваше за својата желба повторно да стане мајка и за проблемите што ѝ стојат на патот во втората епизода од реалното шоу „Кардашијан“, па кога пристигна во својот дом во Калабасас, на прашањето на мајка си Крис Џенер како поминала на лекарскиот преглед, одговори:

Ужасно“.

Ријалити-ѕвездата, која има три деца Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со бившиот партнер Скот Дисик, со кој беше во врска од 2005 до 2015 година, се пожали на коментарите што ги чита на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Сите пишуваат: ‘Кортни е бремена. Кортни е бремена. Се здебелила’. Колку е непристојно да ги коментирате луѓето кога не знаете низ што поминуваат“, вели таа, а потоа открива со што се соочила.

Имено, лекарот ѝ кажал дека единствено решение да добие бебе е инвитро-оплодување.

Поради лековите што ми ги даваа, влегов во менопауза. Буквално во менопауза“, истакна Кортни Кардашијан и додаде дека поради лековите почнала да се чувствува и депресивно.

Кортни напомена дека нејзиниот случај е специфичен бидејќи „е многу внимателна со препаратите што ги внесува во телото, па нејзиниот организам реагира спротивно од она што го сака“, пренесува „Дејли мејл“.

Таа изјави дека има се’ на светот што може да ја направи среќна, но дека за време на терапијата станала нерасположена, престанала да се сака себеси и станала „луда“. Исто така, и се здебелила поради лековите.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.