Инфлуенсерка промовира БЕЛЕEЊЕ НА ЗАБИТЕ СО ШАМПОН ЗА КОСА, лекарите во шок: „Не сте свесни ДЕКА СИ ИГРАТЕ СО ЗДРАВЈЕТО“

Инфлуенсерката Саскија Вард (24) тврди дека ги избелува забите со виолетовиот шампон кој е наменет за тонирање на русо бојадисана коса.

Покрај тоа, оваа инфлуенсерка често објавува сториња во кои покажува како изгледа целиот процес. Како што вели, тоа го прави неколку пати во текот на неделата, а стоматологот ѝ ги пофалил забите, нагласувајќи дека изгледаат неверојатно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saskia Ward (@saskiavw__)

Додека виолетовиот шампон се користи за тонирање на руса коса, за неутрализирање на жолтите тонови, сè повеќе инфлуенсери го користат за избелување на забите.

Ставив малку шампон на четката за заби и се молев забите да не ми станат виолетови. Неодамна отидов кај мојот стоматолог на преглед и тој ме пофали и ми рече дека моите заби изгледаат неверојатно. Добивам еден куп прашања за забите, па затоа решив да ја откријам мојата тајна“, вели инфлуенсерката и додава: „Виолетовиот шампон нема добар вкус, но заради убавината правите некои луди постапки, а јас сум подготвена на се’. Ги мијам забите секоја вечер за да ги направам убави наутро“, истакна таа.

Бидејќи нејзините објави догнаа голем прав, експертите предупредуваат на опасностите од овој „трик“. Д-р Калед Касем предупреди другите да не го следат примерот на Саскија.

Не само што не треба да ги миете забите со шампон туку не смеете да го држите во близина на устата. Ваквата примена на шампонот може да има сериозни компликации по вашето здравје, да направи повеќе штета отколку корист, а состојките не можат да ги отстранат дамките од вашите заби“, предупреди докторот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.