Гоца Тржан во депресија, води важна битка: „Психички сум лошо!“

Пејачката Гоца Тржан истакна дека тешко излегува накрај со тоа што со години не може да забремени од сопругот Раша Новаковиќ. Таа пред две недели повторно беше на инвитро-оплодување во Прага, а деновиве ќе знае дали успеал и петтиот обид.

Имено, Гоца признава колку ѝ е тешка таа неизвесност и што прави за да ги пренасочи мислите додека пристигнат резултатите.

Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното оплодување не успеало и дека не сум забременила, паѓам во депресија. И тогаш се прашувам: ‘Зошто го правам ова?’ и секој пат трагам по одговорот и силата да одам понатаму. Затоа што ќе вреди ако успеам! Јас црпам сила од љубовта кон животот. Се опкружувам со луѓе кои ми се допаѓаат, добри книги и музикаа“, вели пејачката и додава дека инвитро-оплодувањето многу влијае на нејзиното тело и мисли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Борбата за потомство звучи благородно, но всушност се работи за тешки маки и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и како да имам биполарно нарушување, нерасположена сум… Стомакот ми отекува затоа што задржувам вода. Мозокот ми отекува! А по сето тоа низ кое поминувам, следува неизбежното прашање: ‘Дали ви успеа вонтелесното оплодување?’ Ајде, марш веќе! Преку глава ми е да одговорам на вакви прашања, бидејќи тоа е моја интима, која е многу чувствителна“, искрена е Гоца.

Гоца од бракот со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена (15), а сега најголема желба и е да има дете со Раша.

Сакам бебе со мажот кој искрено го сакам, кој е внимателен, паметен и во кого имам доверба… Тоа не е толку негова потреба колку што е моја“ – вели пејачката.

По четири неуспешни обиди за инвитро-оплодување, Гоца размислува да посвои дете, но наишла и на пречки. Според законот, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.