Крвната група открива сè до детали: Еве која болест му се заканува на вашето тело!

Резултати од истражување

Експертите велат дека крвната група може да открие на кои болести сме подложни

Крвната група често се поврзува со некои болести. Иако не е целосно потврдено, се смета дека одредени крвни групи се посклони на некои заболувања, дека се поврзани со психолошкиот профил на личноста, но и со одредени начини на исхрана.

Еве што покажале тие истражувања…

Помал ризик од срцеви болести

Некои истражувања тврдат дека ризикот од коронарни болести на срцето е помал кај луѓето со крвна група 0. Не е до крај познато зошто е тоа така, но според некои ставови, одредени крвни групи се поврзани со протеините што влијаат врз згрутчувањето на крвта.

Некои крвни групи привлекуваа карцином на стомак

Се смета дека крвните групи А, АБ и Б се изложени на поголем ризик од одредени видови карцином. Се тврди дека кај луѓето со крвна група А постои поголема веројатност да се разболат од рак на желудникот. Исто така се смета дека инфекцијата H. pilori е почеста кај луѓето со крвна група А, АБ и Б. Поконкретно, луѓето со крвна група А имаат поголеми шанси да развијат рак на желудникот.

Проблеми со помнењето

Едно мало истражување ги истражувала крвните групи на луѓето што имаат проблеми со помнењето. Утврдено е дека луѓето со крвна група АБ имаат повеќе когнитивни тешкотии во споредба со другите групи. Експертите предупредуваат дека овие истражувања главно биле спроведени на мали групи на луѓе и затоа не може да се донесат општи заклучоци.

Ракот на панкреас е чест кај 3 крвни групи

Крвните групи А, АБ или Б се фактори на ризик за појава на рак на панкреасот. Молекулите на црвените крвни зрнца од групите А и Б го поттикнуваат развојот на бактеријата H. Pilori, поради што постои поголема веројатност за појава на рак на панкреасот.

Крвната група А потешко поднесува стрес

Како последица на стресот, во организмот се зголемува нивото на кортизол, хормонот за стрес. Луѓето со крвна група А имаат повеќе кортизол, па потешко поднесуваат стресни ситуации.

Маларијата не ја сака крвната група 0

Крвната група 0 може донекаде да пружи заштита од оваа болест што ја пренесува заразен комарец. Паразитот што предизвикува маларија потешко се врзува за крвните клетки на типот 0, велат научниците.

Луѓето со крвна група 0 почесто страдаат од чир

Пептичкиот улкус или чир е ограничено оштетување на слузницата на желудникот или дванаесетпалачното црево. Според некои истражувања, луѓето со крвна група 0 почесто страдаат од чир.

Тромбоза им се заканува на луѓето со овие 3 крвни групи

Венска тромбоза или тромбоемболија е состојба кога се формира крвно згрутчување (тромб) во вената и предизвикува нејзино затнување, најчесто во вените на потколеницата, натколеницата или карлицата. Емболија настанува кога дел од тромбот или целиот тромб се одвојува и потоа венската циркулација го пренесува понатаму во крвотокот. Крвите згрутчувања понекогаш може да стигнат и до белите дробови. Истражувањата покажуваат дека луѓето со крвна група А, Б или АБ имаат поголем ризик од појава на оваа болест.

Подолг животен век

Се смета дека луѓето со крвна група 0 имаат подолг животен век. Истражувачите што се залагаат за овој став веруваат дека луѓето со крвна група 0 се изложени на помал ризик од појава на кардиоваскуларни болести.

Крвната група влијае и врз плодноста

Крвната група би можела да влијае и врз плодноста. Едно истражување покажало дека жените со крвна група 0 имаат помал број на здрави јајце-клетки. Спроведените истражувања покажале дека жените со крвна група 0 имаат помали резерви на јајце-клетки во споредба со другите крвни групи.

Дијабетесот е почест кај овие две групи

Дијабетесот тип 2 е почест кај крвните групи А и Б, иако научниците не можат прецизно да кажат колку е ова точно.

Шлог им се заканува на луѓето со група АБ

Поголем ризик од шлог имаат луѓето со крвна група АБ. Експертите го објаснуваат ова со фактот што крвните згрутчувања се почести кај луѓето од оваа крвна група.

Ако ја имате оваа крвна група, вие сте помеѓу среќниците: Луѓето кои ја имаат живеат подолго, се поздрави и поотпорни на сите болести!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.