ДЕПРЕСИЈА и како да ѝ се спротивставите

Фото: Getty Images

Оваа состојба не е знак на слабост, туку сериозно психичко нарушување, т.е. вистинска болест што мора да се лекува. Научниците низ планетата го забележале благотворното дејство на молитвата врз целиот организам, како и фактот дека, молејќи се, можеме да придонесеме за заздравување на многу состојби и болести – од стравови, преку депресија, до рак.

Депресијата е болест на расположението што влијае и на телото и на умот. Таа може да се појави на која било возраст, а жените се разболуваат двапати почесто од мажите.

Дополнително, постои тенденција на зголемување на бројот на заболени од оваа болест, па се предвидува дека во наредните неколку години депресијата би можела да биде втор водечки здравствен проблем во светот.

Депресијата негативно влијае на сите аспекти на човековото функционирање, па се загрозени и општествениот и семејниот и професионалниот домен, што всушност ја прави депресијата многу сложена.

Основни карактеристики на оваа болест се лошо, депресивно расположение, губење на чувството на задоволство, губење на силата и енергијата, чувство на неодреден страв (анксиозност), чувство на вина, бесперспективност, безнадежност, губење на волјата за живот, мисли за самоубиство и обиди за самоубиство.. Покрај тоа, има промена во мислењето, спиењето и апетитот.

Причините за депресија се многу сложени, имајќи предвид дека испреплетените биолошки и психосоцијални фактори се основата на депресивното растројство. Когнитивната теорија на депресијата подразбира негативна перцепција за себе, за другите, за иднината, што се нарекува Бекова когнитивна тријада (проф. д-р Арон Т. Бек, американски психијатар, кого го сметаат за татко на т.н. когнитивно-бихејвиорална терапија).

Бихејвиоралните теории во објаснувањето на депресијата ги нагласуваат научената беспомошност и губитничката животна стратегија.

 ШТО Е „УНИНИЕ“

Психотерапевтските методи за лекување на депресијата се насочени кон откривање на причините што доведуваат до депресивно расположение и нивно елиминирање со промена на начинот на размислување и однесување.

Бихејвиоралната теорија зборува за депресија кај луѓе со недостиг од социјални вештини и вештини за решавање проблеми, кои постојано доживуваат негативна реакција од околината и на кои им недостига самопотврдување.

Когнитивните модели на депресија се засноваат на претпоставката за погрешно размислување, односно негативно размислување за себе и за иднината.

Психодинамичките теории ја сметаат депресијата како лутина свртена навнатре, а негативните емоции резултираат со чувство на вина, безвредност и безнадежност, кои се исто така симптоми типични за депресија.

Психологијата е млада наука. Официјално е формиран пред околу 140 години, кога во 1879 година В. Вунт ја отворил првата лабораторија за експериментална психологија во Лајпциг. Христијанството постои повеќе од 2.000 години и тоа има свое видување на овој феномен, кој психологијата го нарекува „депресија“.

Во христијанството, за да се опише оваа состојба на умот, се користи зборот „униние“. Тоа е болна состојба при која во душата проникнува тажно расположение, кое со текот на времето станува постојано, настапува чувство на осаменост, напуштеност од страна на блиските, воопшто од сите луѓе, па дури и од Бога.

Човекот што е во очај, односно изгубил секаква надеж, често им се препушта на наркоманија, пијанство, блуд и многу други гревови, сметајќи се и онака за жртва. Крајната манифестација на очајот е, како што е веќе кажано – самоубиството.

МОЛИТВАТА ГИ КРЕПИ ТЕЛОТО И УМОТ

Молитвата е наше обраќање до Бога, Богородица, светецот што го славиме како домашна слава, но и до сите други светци, ангели чувари… Молејќи се, запаѓаме во специфична душевна состојба, во која ја воспоставуваме нашата врска со нив, пред сѐ со Бога.

Токму таа состојба ги окупира научниците низ планетата, бидејќи го забележале благотворното дејство на молитвата врз целиот организам, како и дека со молитва можеме да придонесеме за заздравување на многу состојби и болести – од стравови, преку депресија, до рак.

Неодамна руските научници од Универзитетот во Санкт Петербург материјално докажаа дека чудесните исцелувања поврзани со духовноста се вистинити.

Професорот Валериј Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија на тој универзитет, тврди дека успеал да ја измери моќта на молитвата. Тој открил дека монахот што се моли целосно ја исклучува мозочната кора, што е забележано само кај деца до три месеци, кои се безбедни во близината на нивната мајка.

Во исто време, научниците докажаа дека по литургија се нормализираат крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Депресијата не е знак на слабост, туку сериозно психичко нарушување, т.е. вистинска болест што мора да се лекува. Доколку состојбата на тага и потиштеност трае повеќе од две недели и ако ви го нарушува секојдневниот живот, задолжително побарајте стручна помош.

Депресијата може успешно да се лекува! Сепак, треба да се нагласи дека лекувањето е изискувачки процес и дека е неопходно човекот активно да учествува во лекувањето за успехот да биде подобар.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.