Новото истражување објавено во публикацијата Body Image покажа дека колку повеќе ја разубавуваме и уредуваме својата фотографија – толку помалку ќе бидеме задоволни од својот изглед.
Испитаничките што ги бришеле недостатоците на кожата, зголемувале усните, реобликувале брадата, бришеле подочниците и се „вљубувале“ во уредената фотографија станувале понезадоволни од сопствениот изглед.
Што треба да научиме од ова истражување? Да уживаме во сопствената автентичност и да престанеме да тежнееме да се доближиме до наметнатиот, многу често и нереален идеал за убавина.
Фото: Инстаграм