Свечени вкусови: Празничниот број на „Добра храна“ е во продажба!

Сити и вити

Побарајте го магазинот „Добра храна“ и погледнете ги вкусните рецепти што ќе ви дадат одлични идеи за вашата празнична трпеза!

Се ближат празници, кои оваа година ќе бидат поинакви од вообичаено. Да, ќе мора да ги прескокнеме прославите во кафеани и собирите дома со повеќе луѓе. Ќе треба да ги одложиме патувањата и новогодишните пречеци на блескавите плоштади во други земји. Ќе треба и да го одбегнеме честитањето со прегратки и со бакнежи кога часовникот ќе отчука полноќ.

Но од едно нешто никако не треба да се откажеме, а тоа е добрата храна!

Веруваме дека нашите рецепти ќе ви ги збогатат празничните денови поминати во потесниот круг на семејството. Идеите на нашите гастро-мајстори се фантастични!

Пробајте ги нашите предлози за предјадења со вкус и мирис на традицијата, како и нашето свечено мени за раскошна гозба, кое несомнено ќе ги израдува вашите домашни.

Цветчиња со сирење
Солен колач

Испратете ја старата година со ароматичниот француски саварин и дочекајте ја новата со сируп од цитруси.

Чоколаден саварин
Сируп од клементини

Уживајте во готвењето, хранете се разновидно и внимавајте да не се прејадувате! И пред да ставите точка на изминативе 365 дена, не заборавајте да се заблагодарите за сите убави нешта што ви се случиле оваа година. Среќни празници!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.