Сопругот на познатата актерка им се спротивставил на луѓето што ѝ велеле дека е дебела: Освои многу жени со неговите зборови!

Убаво им кажал!

Актерката Мелани Лински била предмет на потсмев на социјалните мрежи поради нејзините облини, а нејзиниот сопруг, актерот Џејсон Ритер, застанал во нејзина одбрана

Џејсон Ритер и Мелани Лински се познати по нивните филмски и телевизиски ангажмани, а најмногу по тоа што постојано си даваат поддршка еден на друг. Неодамна, Мелани беше исмејувана поради нејзиниот физички изглед на социјалните мрежи, но Џејсон им покажа каде им е местото на тие луѓе.

Мелани, инаку, беше предмет на потсмев поради изгледот уште од почетокот на нејзината кариера. Нејзиниот сопруг Џејсон неодамна го објави следново на социјалните мрежи:

„Ако некој сè уште има некакви коментари за нечиј физички изглед, слободно може да си ги напише со пенкало на своето чело и да се исонча со нив.“

Џејсон исто така ѝ е голема поддршка на Мелани и кога станува збор за нејзината кариера:

„Дефинитивно си помагаме еден на друг на снимањата, особено кога сме нервозни или кога имаме некаков проблем во врска со некоја сцена. Навистина можам да сметам на неа, таа е прекрасна актерка“, изјавил актерот.

Кога ја прашале Мелани за нејзиниот сопруг во едно интервју, таа дала симпатичен одговор:

„Навистина мислам дека добив на лотарија, го имам најдобриот сопруг. Тој е многу добар татко, ме сака, ме прави прекрасна без оглед на сè, прекрасен е.“

Жените лудуваат по него, а на Пирс Броснан не му пречи што неговата сопруга има вишок килограми
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.