Слика од 1970-тите го крена регионот на нозе: Сите воодушевено гледаат во овие дами и тврдат дека се многу поубави од денешните!

Југоносталгија

Зошто дамите од 1970-тите се поубави од денешните – одговорот се крие во една работа

Слика од неколку дами од 1970-тите години предизвика хаос на социјалните мрежи. За миг стана вирална, па под неа почнаа да се нижат коментари и спомени од тоа време. Она за коешто повеќето се согласија е фактот дека тогаш жените биле вистински природни дами!

Естетски корекции речиси и да не постоеле, а жените восхитувале со неверојатната харизма и енергија. Младите дами на сликата позираат во добро расположение и тоа во парчиња облека што и денес се модерни. Посебно се издвојуваат чевлите, кои се апсолутен хит оваа сезона! Ги носат со чорапи, што исто така е еден од главните трендови веќе неколку години.

Меѓутоа, стандардите за убавина во тоа време биле потполно поинакви од денешните. И многу корисници на социјалните мрежи што налетале на оваа фотографија се согласуваат дека стандардите тогаш биле многу подобри и дека овие актуелните ја губат секоја смисла и ја рушат автентичноста. Што мислите вие?

Ова се некои од коментарите:

  • „Природно убави девојки и убаво облечени“
  • „Тогаш така изгледале сите жени – пристојно и убаво“
  • „Исклучително природно и женствено“
  • „Биле многу поубави од денешните девојки кои носат само скапа и брендирана облека“
  • „Поубави се од девојките денес и многу поелегантни“
  • „Сепак можело и без да биде сè на изложено на мегдан…“
  • „Убави и без силикони“
  • „Баш биле убави за разлика од денешните. Денес како сите да излегле од еден калап…“
  • „Би сакал да видам вакви природни жени и денес“
  • „Замислете ги овие дами во тренерки – не оди“
Поранешната Мис на Југославија изгледа брутално: Познатата Пипика денес има 59 години и ја викаат кралица на хрватските плажи! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.