Најубавите сопруги на фудбалери на мундијалот: Една од нив е најзгодната жена на планетата, а друга се сликала за Плејбој!

Која е најубава од нив според вас?

Светското првенство во Катар ги доведе на трибините најубавите сопруги на фудбалери од целиот свет, а ова се само некои од нив

Светското првенство во Катар трае веќе една недела, а покрај натпреварите, големо внимание привлекуваат и девојките и сопругите на фудбалерите. Своите избраници ги бодрат од трибините, а не се знае која од која е поубава.

Сепак, едно нешто е сигурно – изгледа дека овој пат голманите успеале да ги победат играчите, барем кога станува збор за изборот на убавици.

Изабел Гулар

Изабел Гулар е позната бразилска манекенка и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, а во медиумите често ја опишуваат како жената со најубаво тело. Изабел со години е свршена со германскиот голман Кевин Трап, кој моментално брани за Ајнтрахт. Ќе биде интересно да се види за кого ќе навива убавата Гулар, доколку на мундијалот се погоди натпревар помеѓу Германија и Бразил. На нејзиниот свршеник нема да му биде лесно, но Изабел сигурно ќе собере многу погледи ако се појави на трибините за време на натпреварите.

 

 

Ракел Јакоб

Жозе Са од минатата година го чува голот на Вулверхемптон, а кога од Олимпијакос пристигна во Англија, големо внимание привлече и неговата избраничка. Ракел се прославила како модел, но добила можност да заигра и пред камерите, бидејќи повремено добивала понуди за улоги во португалски серии, но тоа не е сè. Таа неколку пати се има фотографирано за познатиот Плејбој. Во меѓувреме, Ракел му се посветила на семејниот живот со три години помладиот голман, со кого има тригодишна ќерка.

Мишел Герциг

Згодната Мишел му е девојка на голманот Тибо Курто, кој го чува голот на Белгија. Израелската манекенка го освоила срцето на еден од најдобрите голмани на денешницата, а нивната љубов цути во последно време. Многумина неговите успеси ѝ ги припишуваат токму нејзе, бидејќи, како што велат, таа му е најголемата поддршка.

Изабел Ковачиќ

Сопругата на фудбалерот Матео Ковачиќ, Изабел, е доказ дека и без голотија и објавување провокативна содржина може да се истакнат убавината и сите атрибути на женското тело. Изабел има сопствен бизнис и не сака да привлекува внимание со разголени фотографии.

На што трошат пари фудбалерите: Никогаш не би погодиле, а Златан Ибрахимовиќ е дефинитивниот победник!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.