Сексуално злоставувана на 6-годишна возраст: Траума што ја направи зависничка

Џесика Симпсон за борбата со своите демони

Џесика Симпсон во својата автобиографска книга „Open Book“ (Отворена книга) откри мрачна тајна од своето детство, која ја шокира јавноста.

Имено, популарната пејачка и актерка раскажа дека била сексуално злоставувана од страна на таткото на својата другарка кога имала само шест години и кога „спиела во креветот на ќерката на семеен пријател“. Сè почнало со „скокотање на нејзиниот грб, а потоа продолжило со работи поради кои се чувствувала многу непријатно“.

Се убивав со алкохол и таблети. Ми беше тешко да се одвикнам. Бев бесна, а апчињата ми помогнаа во
намалување на болката. Сакав да им кажам на родителите, бев жртва, но чувствував вина и кај себе“, раскажува Џесика во својата книга.

Понатаму, Џесика открива дека оставањето на алкохолот не ѝ било тешко бидејќи му „билалута на шишето“. Сепак, терапијата за одвикнување ѝ била исклучително тешка. Како што поминувало времето, таа сè повеќе работела на себе, но се случувало повторно да ги почувствува сите трауми што одамна ги потиснала во себе.

 

View this post on Instagram

 

Saturday Smile 🤠

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

Актерката во автобиографијата напишала дека на родителите им раскажала дека била злоставувана дури кога имала 12 години, шест години подоцна, за време на едно семејно патување.

Мајка ми го уди татко ми по рака и викна: ‘Ти кажав дека нешто не е во ред!’ Тато не го оттргна погледот од патот, молкум продолжи да вози. Веќе никогаш не отидовме во домот на мојата другарка, но исто така и никогаш не зборувавме за тоа што ми го кажав“, открила Симпсон.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.