Меган Маркл се „огласи“ на Инстаграм по фамозниот „мегзит“ (ФОТО)

Загрижен поглед

Се’ уште актуелната војвотка од Сасекс Меган Маркл, која има право да ја користи титулата до април годинава кога официјално таа и принцот Хари ќе престанат да ја претставуваат кралицата Елизабета, влегувајќи во „независни“ финансиски води, по фамозниот „мегзит“ за кој сите зборуваат, се огласи на инстаграм-профилот со две фотографии.

Имено, таа, Хари и нивниот син Арчи моментално престојуваат во Ванкувер, Канада, каде што се „будно“ следени од страна на папарацо-новинарите кои не ги оставаат на мира, но пред да отпатува во својата нова татковина, Меган посети засолниште за напуштени животни во Лондон, каде што се снимени објавените фотографии.

Прочитајте и: Меган Маркл повторно нападната: „Нека ѝ покаже некој како се држи дете!“

 

Инаку, денес медиумите ги преплави веста дека таткото на Меган, Томас Маркл ќе сведочи во судската постапка по повод тужбата што неговиот зет ја поднесе против одредени британски таблоиди, кои објавија делови од писмото што неговата сопруга му го испратила на татка си. (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА!)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.