Секоја домаќинка мора да ги бојоса јајцата точно во ова време: А во водата во којашто се варат, задолжително додајте го ОВА за здравје!

Обичаи

Ако сте во дилема кога би требало да ги бојосате јајцата за Велигден – ви даваме прецизен одговор од етнолог

Во Македонија јајца за Велигден се бојосуваат уште од 16. век и без овој посебен обичај не можеме ни да си го замислиме еден од највеселите христијански празници.

Во меѓувреме, се имаат појавено разни техники на украсување, но најважно е првото јајце да се бојоса црвено, бидејќи ја симболизира невино пролиената крв на Спасителот на Голготата, но истовремено е и боја на воскреснувањето и тоа јајце се остава да биде чувар-куќа. Но и денес постои дилема кај нашиот народ кој ден треба да се бојосаат јајцата и во кое време.

Етнолозите откриваат дека јајцата се бојосуваат зависно од регионот, од Велики четврток до Велика сабота, но најчесто на Велики петок, рано наутро.

Доколку не стигнете во раните утрински часови, тогаш бојосајте ги до пладне. Обично тоа го прави домаќинката. Прво кажува молитва, а потоа во водата во која ќе ги вари јајцата, задолжително додава и малку света водичка.

7 работи што задолжително треба да ги внесете во вашиот дом за Велигден: Носат успех, среќа, плодност и храброст!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.