Прекрасна љубовна приказна: Како се засакаа легендарниот актер и неговата Лула
Лула и Бата Живојиновиќ се сакаа повеќе од шест децении, а се познаваа од рано детство. Нивната љубов беше прекината во 2016 година со смртта на славниот актер
Лула и Бата Живојиновиќ поминаа 64 години од животот во голема љубов, посветеност и пожртвуваност.
Иако уште од млад го биеше глас дека е голем заводник, актерот на саканата Лула секој ден и’ покажувал колку ја сака. Три и пол години по неговата смрт, Лула се разболе и замина во вечното почивалиште.
По кратка и тешка болест, денес почина нашата драга мајка, сестра и баба Лула. Нејзината ведра душа, нејзината сила и оптимизам нè направија подобри луѓе. Сега нè чува некаде горе со својот Бата“, гласи соопштението кое семејството Живојиновиќ го објавипо повод трагичниот настан.
Бата ја запознал Јулијана Душановиќ Лула во 1958 година. Како што самиот раскажа во една пригода, таа била девојче, а тој седум години постар од неа. Ја засакал и ја викнал да дојде кај него во Скопје, кај неговата братучетка Нада, и таа буквално „дотрчала“ следниот ден.
Поминавме неколку дена заедно, а потоа пристигна телеграма во театарот. Ја испрати таткото на Лула. Во неа пишуваше: Вашиот актер Велимир Живојиновиќ Бата на дрзок и измамнички начин ја однел мојата малолетна ќерка. Ако не ја врати во рок од 24 часа, ќе ви испратам полиција! “, раскажа Бата во едно интервју.
Само неколку месеци подоцна, кога Лула се запишала на факултет, а Бата заминал во војска, се договориле да се венчаат. Живееле во хармоничен брак 60 години, од кој ги имаат синот Миљко и ќерката Јелена и шестте внучиња, кои Бата ги обожавал.
Фото: Инстаграм, ATA Images