Позната дизајнерка позира во мини-здолниште во осмата деценија од животот (ФОТО)

Кој би рекол...

Ако ја погледнете дамата на фотографијата објавена во продолжение на овој текст, дали би претпоставиле дека станува збор за жена која е во осмата деценија од животот?

Токму така, станува збор за познатата белградска дизајнерка Верица Ракочевиќ (74), за нашата публика позната по учеството на неколку Модни недели во Скопје, која скоро десет години ужива во бракот со 35 години помладиот сопруг Вељко Кузманчевиќ.

Многумина тврдат дека за неа годините се само бројка. Верица се грижи за својот изглед, па никој не би рекол дека е во осмата деценија од животот.

Инаку, креаторката ретко се појавува во разголени изданија, па токму затоа оваа фотографија предизвика голем интерес во јавноста.

Денот го почнувам со пиење сок од краставица и лимон. Потоа се туширам со студена вода, правам 100 клекнувања, па повторно одам под студен туш. Ова не им го препорачувам на почетниците – јас го правам откога знам за себе. Задолжително нанесувам млеко за тело и дневен крем за лице со СПФ 30 на „Биотерм“. Исто така, секаде носам со себе и ружина водичка, со која го прскам лицето. Не користам течна пудра.

Навечер темелно го чистам лицето со мицеларна вода, го мијам, го прскам со ружина водичка, а потоа нанесувам масло од дива ружа на влажно лице. Пред спиење, задолжително пијам органско млеко со мед. До почетокот на пандемијата, редовно вежбав со личен тренер. Сега правам 100 клекнувања дневно и се истегнувам“, раскажа таа за списанието „Убавина и здравје“, не криејќи дека има направено и естетски третмани…

Веќе десет години одам на мезотерапија, третман со витамин А, како и оној со златни нитни. Некое време користев и ботокс, но пред две години престанав – не ми се допаѓаше блокираната мимика на лицето. Филери и хијалуронска киселина немам практикувано. Факт е дека сето ова што го користев навистина придонесе за одржување на младоликоста, но на ботоксот не би му се вратила.“

Фото: Мирко Табашевиќ, Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.