Постојаните промени во расположението кај жените се вообичаени, еве што ги предизвикува

Има валидни причини

Ако некогаш ви се случило дека во еден момент сте ужасно лути и тажни, а во друг среќни и опуштени – сте доживеале промена на расположението. Честопати се чини дека овие ненадејни и драматични промени во емоцијата излегуваат од никаде и без причина. Но, постојат неколку причини за ова.

ПМС

Се проценува дека околу 90% од жените имаат предменструален синдром, што се манифестира во промени во расположението, чувства на летаргија и тага, раздразливост, промени во апетитот, надуеност и сл. Симптомите можат да варираат од месец до месец и се појавуваат една до две недели пред менструацијата. Иако науката сè уште нема точни одговори за причините за ПМС и ненадејните промени во расположението, се претпоставува дека станува збор за промена во нивото на естроген кај жените.

ПМДД

Предменструално дисфорично нарушување е поредок и посериозен вид ПМС. Само 5% од женската популација го има и предизвикува екстремни промени во расположението, силна депресија и голема раздразливост. Жените кои страдаат од ПМДД мора да побараат стручна помош, а нивната терапија често вклучува лекови.

Ментална болест

Симптоми на многу ментални заболувања вклучуваат промени во расположението, а АДХД, депресија и биполарно растројство се само некои од нив. Менталните заболувања треба и мора да се лекуваат. Ако чувствувате ненадејни и необјаснети промени во расположението што не можете да ги контролирате, побарајте стручна помош.

Хормонална нерамнотежа

Иако ПМС е „виновник“ за промена на нивото на естроген во организмот, има поопасни работи кога станува збор за хормони и промени во расположението. Ако, покрај промените во расположението, страдате од несоница, раздразливост, замор и забележите промени во тежината, мора да одите на лекарски преглед.

Стрес

Акумулираниот стрес може да биде причина за многу работи, вклучително и ненадејни промени во расположението. Ако се чувствувате фрустрирани од работата или приватните работи и забележите дека вашето расположение варира од час до час, одморете се од сето тоа и одвојте време само за себе.

Други причини

Нишаните во расположението се исто така поврзани со возраста на жените. Факт е дека девојчињата во пубертет ќе доживеат ненадејни промени во расположението и дека слично сценарио ги чека за време на бременоста и менопаузата. Пред да се плашите од сопствената ментална состојба, проверете дали може да спаѓате во една од овие три групи и запомнете дека разговорот со експерти е најнормална работа.

Прочитајте и: Се чувствувате лошо, но не сте сигурни што ви е? Еве како ќе откриете што и зошто чувствувате

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.