ПАПАРАЦИ! Дали е нормално Џенифер Анистон да има вакви стомачни во шестата деценија? (ФОТО)

Воодушевува

Славната „пријателка“ Џенифер Анистон посветено работи на сетот на „Мистерија за убиство 2“, кој се снима на Хаваи, а за време на паузите ужива на балконот на луксузниот хотел во кој престојува.

Па така, папараците неодамна ја „уловија“ како се сонча во минијатурно бикини во кое ги покажа извајаните мускули.

Имено, Џенифер утре, на 11 февруари, ќе го прослави 53-от роденден, а иако е во шестата деценија, изгледа фантастично.

Уверете се самите:

Анистон призна дека вежба петпати неделно придржувајќи се до строг план за вежбање „15-15-15“, кој вклучува 15 минути велосипед, 15 мин. елипсовиден тренинг и 15 мин. на лента за трчање. Покрај тоа, таа оди на бокс и вежба јога.

Кога е во прашање нејзината исхрана – главно консумира органско овошје и зеленчук и храна со малку шеќер, а има и висока самоконтрола: доволно ѝ е да грицне едно парче чипс или една коцка чоколадо и тоа е се’!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.