Никола Тесла најдобро објаснил што се случува по смртта: Неговите зборови ќе ве замислат

Еве како го објаснил тоа Тесла

Вистина е дека Никола Тесла не верувал во смртта

Од почетокот на цивилизацијата, човекот се обидува да пронајде одговор на прашањето што се случува по смртта. Но можеби одговорот лежи во цитатот на генијалниот научник Никола Тесла.

За разлика од Ајнштајн и други научници, Никола Тесла не го ограничувал своето размислување само на експериментална физика. Тој се занимавал со спиритуалност и тврдел дека Библијата позитивно влијаела врз него во раните денови.

„Дарот ментална моќ доаѓа од Бог, од Божествено битие, и ако го концентрираме својот ум на таа вистина, ќе бидеме во склад со оваа голема моќ. Мајка ми ме научи сета вистина да ја барам во Библијата, па затоа неколку месеци посветив на проучување на ова дело.“

Вистина е дека Тесла бил далеку пред нашето време. Тој го предвидел безжичниот пренос на енергија, Интернетот, роботите, автомобилите што возат сами и паметните телефони.

Но што мислел за смртта?

„Смртта не постои, а со самото тоа сознание, стравот од неа исчезнува. И запомнете: ниту еден човек што постоел не умрел. Се претвориле во светлина и сè уште постојат како такви. Тајната е во тоа што овие светлосни честички се враќаат во првобитната состојба.

Враќање кон една од претходните енергии. Христос и некои други ја знаеле оваа тајна. Истражував како да ја сочувам човечката енергија. Тоа е една форма на светлина. Душата е еднаква на врховната небесна светлина. Не го барав тоа за себе, туку за доброто на сите. Верувам дека моите откритие ќе им го направи животот на луѓето полесен и поподнослив и ќе ги насочи кон духовноста и моралот.“

Тесла објаснувал дека прво постоела енергијата, а потоа материјата. И сета таа материја е родена од вечната енергија на светлината: од ѕвездите, планетите, од човекот и од сè друго во универзумот.

„Сè што живее е во длабока и прекрасна врска: човекот и ѕвездите, амебите и сонцето, срцето и кружењето на бесконечниот број светови.“

Нашето памтење зависи од тоа: сè што еднаш сме виделе, слушнале или прочитале останува со нас во форма на честички светлина. Светлината исто така објаснува како функционира нашиот мозок според Тесла, што се случува по смртта.

Што мислите вие за оваа теорија?

Вака умот и телото достигнуваат натчовечка сила и свежина: Ова е рецептот на Тесла за долг живот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.