Штедела 3 години и купила стан: Морала да се откаже од една работа, а на луѓето не им се верува дека не се сетиле на ОВА

План за штедење

Фото: Unsplash

Девојка штедела 3 години и така успеала да си купи стан. Својот план за штедење го споделила на социјалните мрежи

Девојка по име Чери Хауи од Нов Зеланд станала вистински хит на социјалните мрежи откако открила како успеала да заштеди пари за нов стан, и тоа само за три години.

Својот план го споделила во една група на Фејсбук, а многу од корисниците биле изненадени и воодушевени од нејзиниот начин на штедење.

Таа купила нов стан во Оукланд, откако штедела само три години за него.

„Мајка ми ме научи вака да го организирам трошењето пари и по три години можев да си купам стан“, напишала Чери Хауи.

Тајна на успехот

Чери тврди дека парите што ги заработувате треба да бидат поделени на три различни дела. Првиот е да се платат сметките за вообичаените трошоци, како што се комуналии, кирија, превоз, неделен џепарлак.

Вториот дел од парите треба да го одвоите за одење на фризер, купување облека и обувки, подароци и лекарски прегледи.

Третиот дел се трга на страна за „нов стан“ или за некоја друга цел.

„Не паѓајте во искушение да трошите пари на намирници, важно е да се придржувате до она што самите ќе го одредите“, советува Чери, која објаснува дека на тој начин не мора да се штеди само за стан, туку за што и да посакате, како на пример патување, нов автомобил…

Па така, важно е „само“ да имате доволно големи приходи за да можете да ги поделите парите на три различни купчиња.

Експертите откриваат детален план за штедење: Со овие совети најлесно ќе го зголемите домашниот буџет!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.