Начинот на кој пишувате СМС кажува многу за вас!

Дознајте што!

Можеби не сте знаеле дека начинот на кој ги пишувате пораките открива некои ваши технички вештини, нешто за вашиот социјален живот, но пред се’, го открива вашето познавање на граматиката… Со други зборови – кажува многу за вас.

Еве за што станува збор:

Начинот на кој користите емотикони

Дали користите многу смешковци? Ако одговорот е „да“, ова е знак депретпочитате да ги изразувате емоциите на други начини отколку да користите зборови.

Кратки / долги пораки

Ако сте љубител на долги пораки (т.н. чаршави), ова може да биде знак дека сте подготвени за акција во животот на секое поле. Ако сакате, пак, многу кратки пораки – оние од само неколку збора, тоа значи дека сте многу директни и честопати ја завршувате „прославата“ пред да започне огнометот.

Користите кратенки

Ова е добра карактеристика затоа што имате тенденција да создадете пријатна и опуштена атмосфера во домот или на работното место.

Број на пораки што ги испраќате секој ден

Кој е твојот резултат? 10? 50? Уште повеќе? Колку повеќе пораки сте во можност да испраќате секој ден, толку повеќе внимание, всушност, сакате.

Пишување доцна во ноќта

Некои луѓе сакаат да пишуваат пораки среде ноќ, додека други воопшто не сакаат, со што се ограничуваат пораките на пристојно време предвидено за остварување телефонски повици. Ако сте традиционален тип – тоа може да значи и дека ви се допаѓа традиционалниот начин на живот и работа.

Испраќате порака додека разговарате со некого

Вие припаѓате на група луѓе кои ја имаат оваа навика? Ако одговорот е „да“, веројатно сте многу помалку фокусирани на постапките, бидејќи размислувате за обврските што ве чекаат следниот ден.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.